ДАЛИ ДЕТЕТО Е СПРЕМНО ЗА НОКШИР?
ТЕСТ ЗА НЕСТРПЛИВИ РОДИТЕЛИ 🙂
1. Моето дете мочка или какао во пелена:
a. Скоро секогаш.
b. Понекогаш.
c. Никогаш.
2. На моето малечко пелените треба да му се менуваат:
a. Често, на секои час или два.
b. Тоа е променливо.
c. Секои два до три часа – поекогаш и поретко.
3. Моето дете го разбира значењето на зборовите: мокро, суво, чисто, измие, седи, стани:
a. Не.
b. Некои од нив ги разбира.
c. Сите ги разбира.
4. Кога моето дете ги кажува своите потреби, тоа:
a . изговара неколку основни збора а јас го погодувам останатото.
b. Остварува се што му е важно преку мене.
c. Има добар вокабулар и изговорува и реченици.
5.Ако му дадам на детето едноставни упатства како на пример: “Стави го ова во кутијата со играчките”, тоа:
a. Не разбира и не следи упатства.
b. Го прави тоа што треба ако му помогнам.
c. Ме разбира и го прави она што му е кажано.
6. Моето дете умее да си ги соблече и облече своите панталони.
a. Не.
b. Може со помош.
c. Да.
7. Кога му читам книги на моето дете:
a. Ме игнорира
b. Понекогаш слуша, понекогаш е отсутно.
c. Седи, слуша и ужива во приказната.
8. Моето дете сака да извршува ”се само”:
a. Никогаш.
b. Понекогаш.
c. Секогаш!
9. Мислам дека е право време да почнам да го учам детето да користи нокшир:
a. Не.
b. Неодлучен/неодлучна сум.
c. Да.
ПРЕБРОЈТЕ ГИ СВОИТЕ ОДГОВОРИ!
Најголем број одговори под ”a”:
почекајте малку со користењето на нокширот, сеуште не разбира што барате од него и не е спремно за тоа. Со форсирање може само да ги расипете работите! Тестирате се повторно за месец -два.
Најголем број одговори под ”b”:
Тука сме некаде… Детето сеуште не е потполно спремно ама можете да превземете чекори за периодот кој следи. Почнете со постепено учење на поимите за да може детето убаво да ве разбере и тоа ќе биде многу корисно во целиот процес.
Најголем број одговори под ”c”:
Вашето малечко е спремно за учење на користење на нокшир! Среќно и забавувајте се!

You must be logged in to post a comment Login