• Сподели на:

Одржувањето на вашиот изглед во периодот од бременоста…

___

Бременоста дефинитивно не е период во кој жената треба се запушти себе си, а одржувањето на вашиот изглед е многу значајно во периодот кога жената има физички и хормонални промени.

А кај нас царуваат различни мислења за тоа што бремената може, а што не смее да прави. Дел од нив се оправдуваат од здравствени причини , други со верувања.

 

Масажа

Масажата  го намалува стресот , ја подобрува циркулацијата и ја ублажува болката. Но дали е соодветена за време на бременоста ? Многу е важно терапевтот , кој ја врши масажата , да е запознат со состојбата на бремената . Ова важи особено за почетните месеци , кога тоа не се гледа. Има зони на стапалата и рацете , кои не треба да се зајакнат , за да не предизвикаат вештачки контракции . Ако сакате масажа на грбот, масажата може да се направи без да се прави притисок врз стомачната област ( постојат различни решенија за тоа едно од кои е маса со отвор за стомакот ). Ако мирисот на масажните масла ви е непријатна и предизвикува гадење , тогаш можете да побарате терапевтот да користи такви без мирис.

breme

Маникир и педикир

Според експертите не постои проблем бремените жени да прават маникир и педикир . Нешто повеќе , за време на бремнноста , потребата од посета на салон за убавина е поголема, бидејќи ноктите растат побрзо и се тврди. Загриженост дека лакот може да наштети на плодот се неосновани , бидејќи многу мал дел од хемикалиите содржани во доработката се апсорбираат од ноктот и нема никакви докази тие да реагираат на каков и да е начин со бебето во утробата . Единственото нешто е да се избегнува салони со лоша вентилација , за да не се појави  гадење како резултат на непријатниот мирис на ацетон .

 

Сауна и џакузи

За жал тука треба да се приклучиме кон мислењата дека џакузито и премногу топлина можат да му наштетат на бебето особено во почетните месеци на бременоста , бидејќи многу брзо ја зголемуваат  телесната температура. Ако сепак овие процедури Ви годат , би ви препорачале да практикувате топла када дома , да  ги држите рамениците , рацете и нозете надвор од топлата вода , и на тој начин делумно ќе дојде до намалување на вкупната температура. Сауните не се препорачуваат од истата причина. При користење на сауна како дополнителен ефект кај бремената, може да доведе до целосно губење на рамнотежа и трауми .

19.02_2

Белење на заби

Избелувањето на забите со естетска цел е релативно нова постапка за која сеуште нема доволно сознанија. Колку лековите кои се користат за разубавување на насмевката, се апсорбираат во крвта на бремената и стигаат до бебето , сеуште е непозната . Затоа се смета дека избелувањето на забите е постапка во која треба да сте внимателна. Дополнително е убаво да се размисли и за силно – надразнетите непца за време на бременоста , кои лесно можат да се воспалат и да ви создадат уште повеќе непотребни болни моменти .

 

Чистење на лицето

Бременоста е период во кој кожата на лицето се менува. Кај некои ова е период на бебешка кожа , исчистена и бистра , кај други тоа е враќање кон ужасниот период на младинските акни . Без разлика во која група припаѓате Вие , убаво е да вложувате еднакво грижа за изгледот на вашето лице. Да се избегнуваат многу агресивни постапки, бидејќи епидермисот на кожата е многу чувствителна и лесно се иритира.

19.02

Депилација

Восокот е уште едно од средствата за постигнување на мазна кожа. Ако сте навикнати на неа и таа е дел од Вашите редовните ритуали за разубавување , не ја заборавајте и сега . Ако , сепак, ова е вашата прва посета за депилација , одложите ја оваа авантура за подоцна , бидејќи силната необична болка може да предизвика вештачки контракции кои не се пожелни пред 37- та недела од бременоста .

 

Солариум

Солариумот , слично на џакузито и сауната , ја зголемуваат телесната температура и не се препорачуваат за време на бременоста .

Дополнителен ефект при користењето на солариумот е исто така обојувањето на природните и неодамнешни дамки по телото. Слично на избелувањето на забите , солариумот исто така е во фаза на истражување и затоа не е сеуште јасно колку зрачењето дополнително му штетат на бебето. Затоа, ако сонцето ви недостасува , препорачуваме да излегувате почесто на прошетки, кога е сончево надвор и да го оставите грижата за тенот по раѓањето.


Оставете коментар

___