Вашето бебе знае дека вие сте посебна личност. Всушност толку е врзано за вас, што ако ве изгуби од вид и за момент, долната уста почнува да се тресе од страв дека засекогаш сте ги напуштиле. Во такви ситуации замолете некоја позната личност да биде со бебето, и обидете се да го уверите дека татко и мама секогаш се враќаат.
Некој предемет, плишана играчка или ќебенце, може да му пружат утеха на бебето и можат доста да помогнат. Исто така потикнете го на зближување со другите, братот, сестрата, бабата или некој кој ги чува. На овој начин бебето ќе научи да сака и други луѓе и да им верува.
Сепак, бебето нема секогаш да трча со раширени раце кај сите. Оставете на бебето само, со свое темпо да развие однос со другите луѓе, бидејќи тоа е најдобар пат за стекнување самодоверба.

You must be logged in to post a comment Login