• Сподели на:

Необични светски обичаи поврзани со раѓањето

___

Во светот постојат многу обичаи поврзани со раѓањето – мајката 40 дена мора да биде дома, детето 40 дена никој не треба да го гледа… Но, постојат и некои чудни обреди…

Ова се едни од најчудните:

Јадење на плацентата

Плацентата го храни фетусот, но некои мајки сметаат дека е корисна и за нив, поради што ја јадат по раѓањето на бебето. Во традиционалната медицина на Кина, Јамајка и делови од Индија, плацентата се препорачува за различни мистични причини. Модерните лекари тврдат дека хормоните од плацентата можат да го намалат стресот и да ја спречат постпородилната депресија.


Свадбена торта на челото на бебето

Некои двојки чуваат мал дел од нивната свадбена торта за годишнината, но ирските двојки традиционално ги чуваат од друга причина: крштевање на првото дете. Родителите ставаат малку торта на челото на бебето за да го благословат со среќа.


Кинеско ограничување на бременоста

Кина има голем број на чудни обичаи поврзани со раѓањето. Кога жената ќе забремени таа се соочува со редица необични и изненадувачки забрани: не смее да озборува, не смее да се смее премногу гласно, да се лути или да размислува негативно и треба да јаде само светло обоена храна (за да се создаде светлата боја на кожата на бебето). Мора да спие со нож под нејзиниот кревет, бидејќи острите предмети ќе ги одвратат лошите духови. Куќата не смее да претрпи било каква нова изградба за текот на бременоста, а идната мајка не смее да има секс.


Плукање на бебето

Племето Волоф од Мавританија и околните земји верува дека човечката плунка содржи зборови, па тие ги плукаат новороденчињата за благослов. Кога ќе се роди бебето, жените плукаат на неговото лице, а мажите на неговото уво.


Литвански бебешки трки

Секоја година во Литванија се организира трка за да се најде најбрзиот ползач во земјата. Настанот често е обележан со смешни моменти кога бебињата немаат апсолутно никаква идеја што да прават. Родителите ги подбуцнуваат со држење на играчки или други сјајни предмети. Трките се дури и поддржани од спонзори и, генерално, привлекуваат голем број луѓе секоја година. Овие трки се одржуваат на 1 јуни секоја година.

 


Оставете коментар

___