Близнаците имаат некои необични разлики за кои нам ни се чини дека се невозможни. Од друга страна, ги красат и некои необичности, својствени само за нив.
1. Еднојајчаните близнаци немаат ист отпечаток на прстите
Ќе помислите дека фактот што еднојајчание близнаци имаат еднаква ДНК, мора да упатува и на исти отпечатоци на прстите, но тоа не е вистина. Кога доаѓа до поделба на оплодената јајце клетка на два плода, тие започнуваат со исти отпечатоци, но во текот на 13 недели, кога бебињата ќе почнат поинтензивно да се движат, го допираат водењакот и со тоа ги менуваат нивните отпечатоци.
2. Рефлексијата од огледало на близнаците е иста
Околу 25% од еднојајчаните близнаци се развиваат така што имаат иста рефлексија од огледало. Сепак, еднојајчаните близнаци не се потполно идентични. Може да се случи едниот да пишува со десна, а другиот со лева рака, може да имаат бемки на различни места на телото, различен раст на косата на главата. Тоа се случува ако оплодената јајце клетка се раздели на два дела после една или повеќе недели по зачнувањето.
3. Мајките на близнаците би можеле да живеат подолго
Некои студии покажаа дека близнаците ги раѓале силни и здрави жени кои имале можност да живеат долго. Научниците поради тоа предложиле теорија според која еволуцијата се погрижила здравите жени побрзо да ги шират своите гени. Тоа секако не ги вклучува близнаците родени со помош на вештачко оплодување.
4. Високите жени имаат поголеми шанси да родат близнаци
Високите жени имаат повеќе хормони кои стимулираат раст и кои можат да ги поттикнат јајниците на посилна стимулација и со тоа да се зголемат шансите за зачнување на близнаци.
5. Повеќе млеко, поголема можност за близнаци
Жените кои јадат повеќе млечни производи имаат пет пати поголема можност за зачнување на близнаци. Всушност, во млекото кое го консумираат жените се наоѓа хомон кој стимулира раст.
6. Можно е близнаците да имаат различни татковци
Вообичаено, жената месечно има само една јајце клетка, но може да се случи да созреат две. Ако мајката има однос со двајца мажи, можно е спермата на едниот да оплоди една, а спермата на другиот да оплоди друга јајце клетка.
7. Близнаците комуницираат уште во стомакот
Со помош на ултразвук, научниците виделе дека близнаците уште во 14.недела од бременоста посегнуваат еден за друг. Во 18. недела тие меѓусебно се допирале повеќе отколку да го допираат сопственото тело. лекарите дури и забележале дека тие покажувале различни гримаси еден на друг и биле многу нежни и внимателни кај пределот околу очите.
8. Близнаците имаат свој јазик
Научниците сметаат дека близнаците се користат едни со други за да го научат јазикот кога во нивно присуство нема возрасна личност. Гледајќи се и поминувајќи време заедно, тие создаваат јазик кој се состои од извртени зборови и ономатопејски изрази. Иако таквиот јазик најчесто се јавува кај близнаците, може да се јави и кај обичните деца кои често се заедно. Таквите измислени јазици исчезнуваат многу брзо што децата го научат правиот јазик на говорење.


You must be logged in to post a comment Login