Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Немаше кој да ми каже

Зошто кога сме мали деца никој не ни кажува колку е тешко да си возрасен? Зошто ни раскажуваат приказни со среќен крај? Зошто не лажат?

Зошто никој не ни кажа, дека да си голем значи и да боли? Дека срцето може да е скршено илјада пати, но сепак да е цело и да има уште, уште за кршење?

Зошто во школо не не учат, дека пријателите први ти забиваат нож во грб?

Никој, никогаш не ни ги кажа овие вистини. Очигледно, полесно е да бидеме лажени. Нас не лажат и ние лажеме. Лицемерие или само следното премолчување на вистината? Не е важно како ќе го наречеме ова.

Понекогаш така ми се плаче, не наоѓам зборови да ја искажам болката. Болката на секој ден во кој реалноста ми удира шамари и ме потсетува за тоа како приказните лажат. Колку и да се трудам да гледам позитивно на светото, понекогаш едноставно не можам…

Сакам да немам срце. Сакам да го извадам, да го изкорнам од градите.  Ми тежи. Тежи и боли. Толку пати сум го крпела, толку пати го лепев, а тоа повторно и повторно се кинеше. Не сакам срце.

Сакам да сум празна. Сакам да сум мала и некој да ми каже, колку е тешко да си возрасен.

Некој да биде доволно искрен со мене и да ми каже, дека мојата пријателка од детството ќе ми ја предизвика најголемата болка.  Дека првиот маж, кој требаше да ме сака ( татко ми), прв ме предаде.

Некој да ми каже, дека ќе работам по 12 сати на ден и не само што нема да ми стигнат парите, но и ќе сум несреќна.

Некој доволно смел, да се исправи и да ми ги отвори очите, дека на овој свет ништо не добиваме безплатно. Некој искрен човек, кој ќе ми ја каже вистината, дека и големите плачат. Но плачат сами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement