Додека се обидуваме да ги научиме децата на сите тајни на животот, можеме само да запреме за миг, да погледнеме и да се учиме од нив!
Нема да згрешиме ако кажеме дека децата се еликсир на животот, а дури може и да ја разберете смислата токму од нив.
Запознајте се со неколку вежби кои можете да ги научите токму од малите човечиња.
Децата не прават компромиси со она што сакаат
Децата никогаш не прават компромис за работите кои ги сакаат, ние исто така не треба да го правиме тоа. Тие со многу ентузијазам се соочуваат со она што е важно за нив и се стремат да го постигнат со сите сили. Кај возрасните обично не е така, тие се по склони со веројатноста да се помират.
Децата имаат поголемо чувство за набљудување
Ова е еден квалитет кој го губиме малку по малку додека растеме. Децата гледаат се, до најмали детали. Како возрасни ние сме склони да судиме премногу рано, пред да сме ја процениле секоја можност.
Кај децата срамот отсуствува
Трошиме премногу голем дел од својот живот во грижи за се. Кај децата, сепак тоа не е така. Тие се безгрижни и напнатоста не наоѓа место во нивните умови. Затоа и се насмевнуваат полесно. Можеби е време да престанеме да бидеме возрасни и да се вратиме назад кон детсвото. Барем за малку…!
За децата неуспехот не е проблем
Тоа е само уште еден доказ за тоа колку избалнасирани и мирни можат да бидат децата. Тие никогаш не прават проблем од неуспехот. Но ние возрасните често наидуваме на куп тривијални прашања и моменти, а нашиот живот станува неподнослив. Научете од децата, бидејќи тие знаат дека грешките се етапите кон успехот.
Неограничена љубов
Голема наша грешка е што чесо ставаме се на кантар – ако дадам толку треба да добијам толку. Како возрасни ние секогаш очекуваме нешто во замена за љубовта, а кај децата тоа доаѓа без напор. Децата едноставно сакаат несебичена и непристрасна љубов.
Децата плачат полесно
Децата плачат полесно, можеби, тоа е една од причините да простуваат и да заборават побрзо. Ние возрасните секогаш се обидуваме да ги спречиме солзите и да не се покажеме слаби. Не е храброст да не плачеш. Солзите ги ослободуваат тензиите и ги исфрлаат лошите емоции и не смируваат.
Децата не се плашат од соништата
Сите ние треба да се потсетиме како во детството сме сакале да станеме астронаути, потоа лекари, балерини и што ли уште не. Кога си дете можностите се неограничени и нхе се плашиш да ги посакаш, немаш граници на соништата, но сето тоа се менува кога ќе се помине прагот на детството.
Искрените емоции се само кај децата
Леснотијата со која децата ја изразуваат својата емоција е достојна за имитација. Емотивно богатиот човек е посреќен. Комплексноста во односите на возрасните се изразува токму во отсуството на емоции, да го кажат и да го направат токму она што го чувствуваат и мислат.