Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Неделникот за млади „Наш свет“ одбележува 55 години постоење

Првиот и единствен македонски неделник за млади „Наш свет“ деновиве го слави својот 55 роденден…

Станува збор за првото списание со компјутерски прелом во НИП „Нова Македонија“ зад кое денес стои издавачката куќа „Просветно дело“.

Роденденот ќе биде одбележан со голема забава на која ќе гостуваат бројни македонски ѕвезди.

Во јануари 1960 година бил објавен првиот број на неделникот „Наш свет“ кој го уредувале некои од најеминентните имиња во македонската литература како, Васил Куновски, Симон Дракул, Ванчо Николески, Видое Подгорец, Киро Донев и Рајко Јовчевски. Токму во „Наш свет“ биле објавени првите стихови на Лидија Димковска и академик Катица Ќулафкова, биле застапени сите македонски изведувачи од Леб и сол и Мизар, до Тоше Проески и Каролина, одбележани најголемите спортски успеси на клупско и репрезентативно ниво.

Половина век „Наш свет“ ги бележи активностите на сите основни училишта во Македонија, ги презентира регионалните, државните и меѓународните успеси на многу генерации ученици.

Кум на списанието е Максим Гонев од Велес, кој победил на конкурсот организиран во почетокот на 60-те години од минатиот век. Максим ќе биде специјален гостин на роденденската забава на „Наш свет“ која ќе се случува на 31 јануари (сабота) во 12 часот во холот на Веро центарот.

Роденденот ќе биде одбележан во друштво со Дани, Тони Зен, Мијата, Нина Јанева, Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Јана Бурческа, диџеј Фани, Ребис, Ритам плус, КУД „Орце Николов“ и солистите на Златно славејче.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement