Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Не ги бакнувајте туѓите бебенца по лицето и рацете

Сигурно ви се случило кога ќе отидете на гости, сите присутни да навалат на вашето дете. Го допираат и бакнуваат по лицето и по рачињата, кои после тоа, бебето ги става во уста. Некои дури им ги зимаат прстињата па им ги ставаат во своја уста или својот прст го ставаат во бебешката. Обидете се на дискретен начин да им дадете до знаење да не го прават тоа – ако воопшто помогне!

Затоа Вам единствено ви останува директно да ги предупредите на однесувањето бидејќи бебешкиот имунолошки систем не е развиен, па тоа е повеќе склоно на инфекции, а вие ќе бидете тие кои ќе се грижат за него и кои ќе го носите по доктори.

Затоа педијатрите потенцираат дека бебињата не треба да ги бакнувате,  па дури ниту во глава или нозете, а ако сакате веќе да го земете бебето, обавезно пред тоа измијте раце.

– Бебињата не треба да ги бакнува никој освен родителите. Единствено со нивната кожа бебето е во секојдневен контакт. Секој од нас на своите усни носи бактерии, а плунката содржи и до 500 различни врсти на микроорганизми  кои на бебешкиот, слабо развиен имунитет, може да му создадат различни компликации. Најобичното лабело или карминот може да предизвикаат црвенило или осип на кожата бидејќи бебето може да биде алергично на некој од состојките од карминот/лабелото.

Значи, никако немојте да дозволите да го допираат вашето бебе по лицето и рацете, кои тоа постојано ги става во уста и гледајте рачињата секогаш да му бидат чисти, советуваат педијатрите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement