Секој родител сака своето дете да израсне во образована и паметна особа. Ова се совети од научниците кои допринесуваат за вашите деца се повеќе да ги развијат нивните мозоци.
- Часови по музика – Веќе и птиците на гранка знаат дека музиката е добра за разни аспекти на животот, а кога е во прашање развивањето на интелигенцијата музиката е навистина чудотворна. Затоа запишете ги вашите деца во најблиското музичко училиште.
- Повеќе го интересира спорт отколку учење – Ако приметите дека вашето дете е склоно за спорт отколку за книга немојте да се грижите. Научно е докажано дека децата со изразени атлетски способности се всушност многу интелигентни. Ако е ситуацијата обратна совет е детето да го запишете на некој спорт пред се за здравјето, но и за правилен ментален развој.
- Заедничко читање – Доколку вашето дете учи да чита, помогнете му тоа да го совлада така што заедно ќе читате, многу е корисни, но е и добра вежба за мозокот.
- Сонот е клуч за се – Сите знаеме дека мозокот многу подобро и побрзо работи кога е одморен. Истото важи и за малите деца. Единствено добар сон ќе им обезбеди правилен развој. Научниците откриле дека доколку детето е 6-то одделение и нема доволно време за редовен сон му паѓа концентрацијата, но и се враќа на интелектуално ниво на дете од 4-то одделение.
- Висок коефициент на интелигенција е безвреден доколку нема дисциплина – ЦВисокиот коефициент на интелигенција е секако предност, но доколку не го научите детето да биде дициплинирано, интелигенцијата подоцна во животот нема многу да му помогне доколку сака да успее.
- Наградите се добри, но во правилно време – Кога е во прашање наградувањето на децата, родителите мора да знаат дека морат да одредат правилно време. Како што и наградувањето за секои ситници не се добри, така ни нивниот изостанок може да биде лош по самодовебата на детето.
- Среќно дете, успешен човек – Уште еден заклучок кој е поткрепен со тоа дека децата кои биле среќни, во подоцнежниот живот ратат во многу успешни луѓе. Затоа потрудете се детството на вашето дете да го исполните со радости и секако нежности.
- Верувајте во своите деца – Верувањето на тоа дека вашето дете е паметно секако ќе му помогне подоцна во животот за да биде успешен човек.

You must be logged in to post a comment Login