Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Научете го својот тинејџер лекција за љубовта

Многу родители сакаат да ги заборават своите тинејџерки години и не сакаат да зборуваат за чувствата кога е во прашање раскинување во таа чувствителна возраст. Без оглед дали на ним некој им го скршил срцето или тие на некого му го сториле истото, раскинувањата секогаш се тешки, посебно во тинејџерската возраст кога е тоа потполно ново искуство. Можеби баш тука можете да помогнете на своите тинејџери. Овие лекции за љубовта кои психологот Барбара Гринберг ги препорачува да го научите своето дете.

  1. Родителите никогаш не би требало да ги омаловажуваат чувствата на нивните деца. На децата ќе им дадете до знаење кои што тие многу сериозно ќе го сватат, но ќе им објасните дека повторно во животот ќе почувствуваат позитивни чувства кои ја донесуваат љубовта. Тоа е вистина. Поголемиот дел на тинејџери имаат врска по средното училиште. Можеби кога ќе им го кажете тоа нема да им значи многу, но вашата порака ќе биде запаметена.
  2. Објаснете им дека врската треба да ја прекинуваат љубезно. Исто така ќе покаже многу поголемо почитување ако раскинат лично, а не преку пораки. Овде важи златното правило – раскини со некој така како што би сакал некој друг да раскине со тебе. И којзнае, можеби тие ќе останат пријатели или повторно ќе се заљубат. Срушените мостови не се добри за никој.
  3. Објаснете им дека времето навистина лечи. Да, ќе чувствува тага и одбивност, но тие чувства ќе поминат. Во меѓувреме ќе мора да се бави со некои активности да не би мислеле цело време на раскинувањето.
  4. Можете да им објасните и дека, иако повредени, секоја врска носи свој ризик и не прави ранливи, но често не учи нас нешто ново за врските. Можеби вашиот тинејџер ќе почне да ги распознава карактеристиките кои кај некого му се допаѓа и да ги избегнува кај следната љубов.
  5. Потсетете ги дека не се сами во клубот на скршени срца. Добар дел од поезијата, филмовите и книгите настанале поради пропадната љубов, бидејки љубовта е тоа што личноста може да ја направи најсреќна но и нај несреќна. Се наоѓа во друштвото на луѓето кои исто така преживеале скршено срце.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...