• Сподели на:

Најлоши совети за родителите: Пуштете го бебето нека плаче, побрзо ќе заспие!

___

Пред да послушате некоја сугестија од баба,мајка или комшивка, двапати размислете дали постои подобро решение.

Колку пати од некое постаро лице сме слушнале „добронамерен“ совет, иако ни звучи сосема неверојатно?Сигурно безброј пати! За следниотпат да не бидете во дилема дали тоа е добро за вас или вашето дете, внимателно процитајте ги следните редови…

Нека плаче бебето додека не заспие
Можеби со плачење бебето и може да се успие меѓутоа сигурно не сакате долго да го слушате бебето како кенка.  Кога бебетое помало од 6 месеци и пред спиење плаче, тогаш сигурно има причина за тоа – можеби е гладно, уморно, треба да се преслече или сака да се мази. Бебињата во тој период не се свесни за своите постапки и е невозможно да се размазат. Плачењето на бебето секогаш нешто значи!

Втријте му ракија на непцата
Веројатно сте слушнале дека во минатото нашите баби користеле алкохол да им ја олеснат болката на бебињата при растењето на запчињата. Меѓутоа и најмала количина алкохол може да им штети на бебињата. Има многу други начини за ублажување на болката кога растат запчиња.

 

Спијте со детето во ист кревет

Спиењето на родителите и децата заедноедни покрај други е во ред, меѓутоа едно е да се дели просторијата а друго е да се дели креветот.Експертите велат дека најдобро е, во првите години, бебињата да спијат во креветче поставено покрај родителскиот кревет. Наведуваат дека тоа ја зајакнува врската и им помага на бебињата полесно да заспијат.

Не го казнувајте детето
Ниеден родител неска да биде негативец во животот на неговото дете и, искрено, казнувањето во главно, не носи ништо убаво. Ама децата треба да сфатат дека некои нивни дејства имаат последиции и дека преговарањето не помага баш секогаш.

Ако сакате да ставите крај на лошото и опасно однесување понекогаш ќе бидете приморани да употребите нешто повеќе од објаснување. Одземање на некои привилегии, како на пример користење на компјутерот, и слични казни помагаат детето да сфати дека следниот пат нетреба да ја повтори истата постапка.

 

Мора да изеде се од чинијата
ови совето, во главно, ги делат бабите бидејќи, од некоја причина, им пречи ако во чинијата остане храна. А работите треба да стојат вака: идеална големина на порција е колку детската дланка. Пет здрави оброци во текот на денот е единствената работа за која ѕтреба да водите сметка, а во чинијата слободно може да остане вишок храна – така барем ќе бидете сигурно дека детето не е пренајадено и ќе го заштитите од дебелина.


Оставете коментар

___