• Сподели на:

На која возраст децата треба да поседуваат смартфон?

___

Мнозинството од денешните деца добиваат порано пристап до мобилни уреди, а нивните родители често се прашуваат не дали, туку кога да им купат смартфон или таблет.

Се уште е рано да се каже како најсовремените електронски уреди влијаат врз развојот на децата на долг рок, но веќе се спроведуваат истражувања и експертите дошле до некои заклучоци кои ќе им помогнат на родителите при одлучување по прашањето која е соодветната возраст за работа на детето со смартфон или таблет.

Еве некои од советите на TeenSafe, насочени кон мајките и татковците:

Држете се до правилото “1: 4″, т.е. за секои четири години на детето додавајте по еден час кон времето во кое му е дозволено да стои пред екранот:

– ако е од две до пет години: 1 час
– ако е од шест до девет години: 2 часа
– ако е на 10 години и нагоре: 3 часа

Американската академија за педијатрија не им препорачува на децата на возраст под две годинки да стојат пред екраните, бидејќи мозокот се развива подобро при комуникација со луѓе и неструктурирани игри (иницирани и управувани од детето без правила, организација и цели) и човечко општење.

Како сепак родителите да одлучат кога е соодветно да му купат смартфон на своето дете?

Секое дете е уникатно, па за да процените дали има потреба од таков уред, најдобро е да одговорите на следниве прашања:

– Дали сте го ограничувале користењето на дигитални уреди – и дали детето ве сфаќа и ги почитува овие ограничувања?

– Потребен ли му е телефон за да има контакт со вас при итен случај?

– Можете ли да имате доверба дека нема да користи телефон во несоодветни ситуации, на пример додека е на час?

– Дали ги има основите за едно одговорно однесување и дали сте разговарале на тема за т.н. sexting (испраќање на предизвикувачки фотографии, придружени од еротски пораки)? Времето за таков разговор е уште во почетните училишни клупи, меѓу 6- и 8-годишна возраст.

Според истражувањето на EU Kids Online од 2010 година, цитирано од проектот ” Изгубени во светот на сајбер-просторот “(Losy in Cyberworld), за 12 календарски месеци 15% од децата меѓу 11- и 16-годишна возраст добиле онлајн пораки или фотографии со “отворено сексуална содржина”, т.е. “Фотографии кои покажуваат голи луѓе, или фотографии, на кои луѓе имаат секс”, додека 3% велат дека праќале или пуштале слични пораки на интернет.

На крајот на краиштата, ако процените дека децата ви се подготвени да поседуваат паметен телефон, не престанувајте да разговарате со нив на темата и набљудувајте го онлајн нивното однесување, за да бидете сигурни дека во него нема ништо лошо.

Научете ги што да споделуваат, со кого е безбедно да комуницираат на интернет, да не се плашат да кажат доколку некој возрасен ги малтретира, како и кои места во мрежата им одобрувате да ги посетуваат.

Имајте на ум дека според статистиката децата почнуваат да влегуваат на интернет уште на 3-годишна возраст. Меѓу 6- и 9-годишна возраст веќе може да имаат свој таблет, но да го користат под ваш надзор .


Оставете коментар

___