• Сподели на:

Моето дете невоспитано?!

___

Невоспитаното и немирно дете ги прекинува возрасните во разговор, а „молам“ и „благодарам“ нема да слушнете, бидејќи не постојат во неговиот речник.

Лошите манири кај најмалите најлесно доаѓаат до израз, без разлика на тоа каде се наоѓаат. Непристојно и невоспитано дете ги прекинува возрасните додека разговараат, а „молам“ и „благодарам“ нема да слушнете, бидејќи не постојат во неговиот речник. Затоа потребно е навреме да го исправите ваквото однесување, така што ќе го издвоите малото на страна и ќе му објасните дека тоа не е пристојно. Подждригнување, одземање на играчките, пикање на прстите во шлагот на тортата, барање на „бодување“ на поклоните е одраз на невоспитување, а не е доволно само да му се каже на детето дека тоа не е убаво. Морате и да објасните зошто тоа е неприфатливо и дека не смее, ако баба му му поклони книга, да одговори „тоа го мразам, сакам играчка!“. Важно е од малечки да научат дека треба да се заблагодарат кога ќе добијат поклон, дури и ако поклонот не им се допадне. Запамтете, обврска на родителите е да ги научат најмалите на убаво однесување, во сите друштвени ситуации и постојано да ги потсетувате дека треба да бидат љубезни и пристојни. Дури и тригодишно дете може да го свати значењето на делење и благодарност. Сепак, дури и кога ги знаат правилата на однесување, децата ги забораваат. Родителите се тие кои секојдневно треба да ги посеќаат, можат да ги учат на бонтон и преку игра. Кога на вашата принцеза и доаѓа другарка, поразговарајте пред тоа со неа за важноста на делење на куклите и другите играчки.

Стручњаците тврдат сепак дека најважно е да се биде добар пример. Ако детето види дека мама, тато, бабите и дедовците се њубезни, со време и тоа ќе стане такво, дури и ако во почетокот давало отпор.


Оставете коментар

___