• Сподели на:

Мајки, не ги преоблекувајте децата

___

Претераното облекување на бебињата и нешто поголеми дечиња е опасно за нивното здравје. Експертите предупредуваат дека бебињата и малите деца се многу осетливи и дека со нив мора внимателно да се постапува.  Постојат низ на грешки кои многу родители ги прават, а кои можат да имаат опасни последици по здравјето на детето.

Една од нив е врзана за претераното затоплување од многу облека. На детето му е сосема доволно за надвор дури и во зимски период да биде загреано до просечна собна температура од околу 20 степени, а да нема потреба да се затоплува до таа мера да се поти како да е на улица на плус 40 степени.

Тие исто така ги предупредуваат родителите да не ги покриваат претерано кога одат на спиење, бидејки со тоа се загрозува квалитетот на сонот на детето. Прекумерната топлота не е ништо поопасна и од ладното и тоа сите би требало да го имаат на ум. Важно е да се одржува оптимална температура, а не да се претерува во големи мерки.

Експертите нагласуваат дека на детето му е потребна иста количина на гардероба како што ви е потребно и на вас и затоа немојте да ги преоптоварувате. Во она што вие спиете треба да спие и детето. Децата најчесто се откриваат кога им е топло за време на спиење, а како што се откриваат побрзо се губи топлотата, што е најчест примерок за преладување.


Оставете коментар

___