• Сподели на:

Мајчиниот глас како лек…

___

Истражувачите од Универзитетот во Висконсин докажуваат дека гласот на мајката смирува и дејствува делотворно .

Експертите откриле дека гласот на мајката го смирува детето, му ја намалува болка и го охрабрува. Во комбинација со прегратка , гласот на мајката е лековит и има благотворно влијание врз емоционалниот и физичкиот развој на детето.

Во истражувањето се вклучени 61 девојче на возраст од 7 до 12 години, а целта на студијата беше да се дознае дали гласот на мајките ќе биде подеднакво смирувачки како прегратките и бакнежите.

Девојките беа ставени во стресна ситуација, како што се решавање на математички проблеми во училиште. Пред  почетокот на тестот, на девојките им  е измерено нивото на два многу важни и моќни хормони- кортизол, хормон на стресот, и окситоцин, хормонот на љубовта.

Претпоставката е дека мора да постои физички контакт меѓу мајката и ќерката за да дојде до лачење на окситоцин, и истражувачите сакаа да видат што ќе се случи со нивото на хормонот по телефонскиот разговор со нивните мајки.

По завршувањето на задачите девојките  беа испраќани во една од двете соби. Во првата просторија , мајките ги чекаа своите ќерки , со прегратки и бакнежи. Во другата пак, девојките на телефон разговараа со своите мајки.

Резултатите покажале дека кај девојчињата кои имале физички контакт со мајките, нивото на окситоцин се зголемил, а нивото на кортизол се намалил. Сепак, истражувачите наишле на многу изненадувачки податок, кога го измериле нивото на хормоните кај девојчињата кои само се слушнале по телефон со нивните мајки. Тие го имаат истото ниво на хормони како девојките во првата група.

Експертите со овие истражувања , покажаа дека гласот на мајката може да го смири детето , како и физичкиот контакт.

“Мајките знаат како да го смират детето, дури и ако тие не се доволно блиску за да го прегрнат . На децата им е доволно да го чујат нивниот глас и веднаш да се чувствуваат безбедно “, заклучува д-р Лесли Селцер , раководител на истражувањата .


Оставете коментар

___