Луѓето не ги сакаат своите грешки. Сватив, кога наидов еве на овој пост на Фејсбук: “Кога би можеле да посакате нешто, што би било тоа?”.
Вие што би си посакале? Мислам дека има едно нешто – среќа. Но тоа е релативен термин. И ако не ја осетиш со срцето, никогаш нема да ја најдеш во светот околу тебе.
Ако сватиш дека таа е внатре во тебе, тогаш ќе разбереш дека среќата живее не само во оние нешта, во оние луѓе, оние искуства кои те прават да се насмевнуваш и да му се насладуваш на животот. Среќата живее и во нашите грешки! Таа извира од секоја пролеана солза, демне зад секој шамар на животот кој те “дави”, после секој “погрешен” потег…
Желба на повеќето луѓе е да го вратат времето назад! Зошто бе луѓе? Нели сите грешиме, по ѓаволите! Ако не згрешиш “сега” ќе згрешиш “подоцна”. A може да биде уште по фатално.
Уште поважно е да си ги простиме грешките и да научиме да ги сакаме, бидејќи и онака тие се дел од нас. Тогаш тие ќе почнат да не влечат напред, а не назад и ќе ни дадат шанса. Шанса да израснеме.
Не се сожалувајте, не ги трошете шансите… Таа грешка за која мечтаете да не се случеше, можеби е клучот за среќата. Од вас зависи дали ќе го користите.