• Сподели на:

Кога татковците би можеле да дојат тоа би изгледало – фантастично!

___

Еден татко одлучува да ги поддржи сите жени кои ги дојат своите деца и започнува кампања, која успева да се слушне надалеку.

Интересен проект на познатиот фотограф Хектор Круз го нагласува проблемот на негативните ставови на мажите за доењето.

Кога сопругата на фотографот Хектор Круз, ја раѓа нивната ќерка Софија, Хектор има можност да ги набљудува од блиску сите непријатности кои мајката што дои може да ги доживее.

 dojenje-13.03_1

Тој заклучува дека проблемот, е поголем и потежок за мајките кога таткото е тој на кого му пречи доењето. Затоа, Круз одлучува да одговори на целиот свет и на секој татко кој заборава дека доењето е вистински начин за неговото дете да биде сито и здраво.

 dojenje-13.03_2

Започнува проект насловен како ” Доењето”, во кој проект фотографира татковци кои симулираат дека ги дојат своите деца. Проектот беше спроведен под слоганот “Ако можев, ќе ” (“If I could, I would”).

“Верувам дека ослободувањето од стигмата за доењето започнува со мажите”, објаснува Хектор Круз. ” Ако мажите се доволно образовани, жените се подржани и стигматизација на доењето ‘оди низ прозорецот’.”

 dojenje-13.03_3

Погледнете како Хекторовите уметнички очи го видоа доењето и што мажите би требало да мислат за него.


Оставете коментар

___