• Сподели на:

Како правилно да го масирате вашето бебе

___

Масажата е одлична за опуштање на вашето бебе, за забрзувањето на неговата циркулација и секако, за да поминете убави заеднички моменти.

 

Вашиот допир позитивно влијае на расположението на вашето бебе и на неговиот целокупен физички и ментален развој.

 

За да се постигне максимален ефект, масирајте го вашето бебе најмалку два пати неделно. Доколку имате можност и повеќе пати неделно, слободно, нема никако да му наштетите. Напротив ќе го направите посреќно и позадоволно.

 

Глава

Нежно масирајте го бебешкото чело, образи и задниот дел од вратот. Масирајте го кружни движења и полека спуштајте се кон неговите рамена. Доколку негодува за време на масажата на лицето, нежно бакнете го и прејдете на другиот дел од телото (некои бебиња едноставно не поднесуваат да им се допира лицето).

 

Рамена и гради

Измасирајте ги неговите рамена однапред и од позади користејќи го палецот и показалецот. За да го измасирате вашето бебе во пределот на лопатката од рамето, ќе морате со едната рака да го подигнете од површината на која лежи, а со другата да масирате. Можеби ова ви звучи комплицирано но верувајте, брзо ќе ја совладате оваа техника.

 

Стомак

Почнете од пределот под ребрата и продолжете да го масирате стомачето со кружни движења во насока на стрелките од часовникот. Делот со гениталии НЕ се масира.

 

Грб

Внимателно свртете го вашето бебе и поставете го така што ќе лежи на стомак. Доколку сеуште неможе само да ја држи својата глава, ставете перница под главата. Започнете да масирате од вратот па полека праволиниски почнете да ги масирате сите мускули по должината на рбетот. Немојте директно да притискате на прстените од рбетот, туку држете се до левата и десна страна од рбетот.


Оставете коментар

___