Бебињата би требало да спијат во просторија во која температурата изнесува од 16-20 степени, но кога надвор е многу топло потребно е да преземете посебни мерки за да не му биде топло на бебето додека спие.
Експертите тврдат дека не е препорачливо да уклучувате клима уред во просториите каде спие бебето и каде поминува доста време. Бебињата не смеат да бидат изложени на студен воздух од клима уредот. Во текот на топлите денови внимавајте како го облекувате бебето кога ќе го ставате на спиење.
На прво место, извадете ја непотребната постелнина од креветчето. Ако бебето на себе има пелена ќе биде доволно да спие само на чаршаф без прекривка и тоа ако температурата е околу 24 степени.
Од креветчето исто така извадете ги сите плишани играчки за воздухот да може да циркулира. Во некои простории од станот отворете прозори на тој начин некој слаб ветер дојде до собата во која спие бебето.
Пред спиење, бебешката соба разладете ја со вентилатор, но не дозволувајте да дува директно во бебето и секогаш да го поставите што е можно подалеку од креветчето. Кога ноќите се многу топли, намокрете неколку пешкири и наредете ги преку столица и прозор во детската соба. Како тие ќе се сушат, така и полека но сигурно ќе го разладат воздухот.

You must be logged in to post a comment Login