• Сподели на:

Како да ги научите децата да размислуваат со своја глава?

___

Родителите имаат клучна улога во поттикнувањето на самостојноста на детето. Подоцна, таа независност и самостојност се проширува.

Родителите имаат клучна улога во поттикнувањето на самостојноста на детето. Подоцна, таа независност и самостојност се проширува, па децата почнуваат сами да користат тоалет, сами си читаат приказни и се дружат со врсниците без надзор од возрасните. Како детето расте и се развива, така ќе се впушта во сѐ повеќе ситуации кои од него ќе бараат решавање на проблеми, одредување која постапка или активност е најдобрата, креативност и снаодливост. Децата треба да ги научите самите да мораат да донесат одлуки и исто така да знаат да размислуваат со своја глава.

Доколку детето се расправа со вас, тоа сигурно ве фрустрира, но барем јасно се гледа дека има свое мислење, а всушност тоа и сакате да го постигнете иако моментално не ви се чини баш така. Кога детето се однесува непримерно, прашајте го „што мислиш, зошто ти се лутам?“ Доколку не го запрашате, детето нема да размислува за причината поради која се лутат родителите. Меѓутоа, со прашањата најдобро ќе го научите детето да размислува со своја глава.

Всушност, воопшто не е важно дали ги прашувате на пример дали сакаат повеќе фудбал или танцување, како да се намали глобалното затоплување или што мислат за политиката во Кина. Важно е само да ги натерате да мислат. Исто така е важно нивните мисли да ги ставате на искушение. Не агресивно, туку само запрашајте ги на пример. „Зошто така мислиш?“

Постојано поставувајте прашања и заинтересирајте се околу нивните ставови. Наведувајте ги да дебатираат, поставуваат прашања, да се расправаат и да се оправдуваат.

Има ситуации кога детето на пример скока по креветот, а не му дозволуваме. Расфрла работи или слично… не му дозволуваме. А потоа му купуваме телевизор во собата или нудиме разни геџети. На овој начин правиме голема грешка. Детето кое седи во фотелја и гледа телевизија, не прави ништо и едноставно не го стимулира својот мозок доволно, бидејќи тоа не е физиолошка активност. Проблемот се појавува околу осмата година, а тогаш е доцна да се помогне. Многу е полесно наместо да се лечи, на време со правилни активности да се спречи настанување на пореметување.


Оставете коментар

___