Предвидувањето на полот на бебето е секој пат неверодостојно, но сепак еве неколку факти кои би можеле да имаат влијание на тоа дали ќе родите момче или девојче.
Иако на повеќето луѓе кои чекаат бебе не им е битен полот, науката нуди увид во она што ги зголемува шансите за добивање на момче или девојче.
Паровите кои имаат секс почесто, имаат повисоки шанси за добивање на момче, бидејќи машките сперматозоиди живеат пократко и поголем е успехот во зачнувањето за време на овулацијата.
Во стресни времиња, се раѓа релативно повеќе девојчиња отколку момчиња. Објаснување – женски сперматозоиди се поиздржливи и почесто преживуваат повисоки нивоа на хормонот кортизол, кој се јавува кај родителите кои се под стрес.
Староста на родителите исто така може да влијае на полот на детето. Мајката и таткото постари од 35 години имаат поголема шанса да добиат девојче.
За парови кои веќе имаат две деца, научно докажано е дека постои поголема шанса да следното дете биде девојче, пишува “Дејли мјелl”.
Исхраната е важен фактор за здрава бременост, но исто така влијае на полот на бебето. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат повеќе калории често раѓаат момчиња.
Сезона на зачнувањето исто така може да влијае на полот на детето. Во принцип, повеќе момчиња се родени во пролет и лето, а девојчиња во есен и зима.

You must be logged in to post a comment Login