Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Ја запросил како во бајките

Џејсон Метнер, директор за адвертајзинг од Чикаго, напишал книга за деца “Бајка за зајчето” која зборува за неговата долгогодишна врска со Моли Липсик, а се завршува со неговото запросување.

Книгата е инспирирана од омиленото животинче на Моли, зајакот, и ги прати авантурите на зајчето и желката, кои минуваат низ различни моменти кои наликуваат на оние кои ги доживеале Моли и Џејсон. Џејсон ја замолил јавната библиотека во Чикаго неговата книга да ја стави помеѓу “новите наслови”. Ја наговорил Моли да одат до библиотеката за да ја погледнат книгата на нивниот заеднички пријател.

Кога го видела зајчето на насловната страна , Моли ја земала книгата и почнала да ја прелистува. Застанала на третата страна каде се спомнува нејзиниот роден град Сенди Спрингс , а кога стигнала до предпоследната страна, прочитала “Иако не се движиме често со иста брзина, дали би сакала малку да подзапреш и да го поминеш останатиот дел од животот со мене?” по што следува “а зајчето одговори…” и тука е оставено место Моли да каже да. Во тој момент Џејсон клекнал на колена, и го извадил вереничкиот прстен.

Случувањето го фотографирала нивната пријателка  која стоела позади полиците.

–          Тоа беше навистина големо изненадување. Толку убаво и креативно запросување, и на неочекувано место-рекла Моли.

–          Би сакал еден ден и нашите деца да ја прочитаат книгата и да ја имаат како спомен-рекол Џејсон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement