Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Исправи се и биди жена!

Силната жена е онаа која излегува со најшироката насмевка на лицето, макар и да плачела цела ноќ во постела!

Силната жена е онаа која научила да се смее дури и кога срцето и се кине од болка!

Силната жена не дозволува гласот да и затрепери дури кога душата и плаче со најгорчливите солзи!

Таа секогаш чекори напред со високо дигната глава!

Таа ќе направи се за луѓето што ги сака дури и кога тие ја повредуваат!

Силната жена не се губи лесно, но ако ја загубиш, ја губиш засекогаш!

Таа секогаш е тука кога ти е потребна и никогаш нема да побара да и вратиш! Таа знае да те сослуша, ќе ти даде совет и ниту еднаш нема да спомне за твојата болка!

Силната жена паѓа, но секогаш се исправува колку и да ја чини тоа!  Таа ги води без страв битките во својот живот дури и кога знае дека со тоа ќе ги нанесе следните болни рани на себе си!

Таа никогаш не си поставува за цел да се одмазди на луѓето што ја повредиле…Таа знае дека се во животот се враќа и дека некој ден, кога и да е ќе биде среќна!

Силната жена се смее кога душата и плаче. Таа пее кога срцето и се кине, но и таа носи во себе си една слаба жена, уморна од борби и битки, од предавства. Силната жена носи во себе едно девојче со скршени мечти, целото во белези и рани, облеано во солзи. Едно девојче кое мечтаело за свет подобар од овој, за луѓе кои нема да ја повредат и за бреме што нема да ја скрши. За време во кое нема да мора да биде секогаш Силната жена!

Понекогаш и таа плаче, но плаче сама…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement