Ова не е никаков моден тренд, мојот сопруг и јас бевме навистина во неволја. Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени. Во еден момент се плашевме дека нема да бидеме во можност да ги научиме да реагираат на своето име, изјави Карен (33)
ЛОНДОН – Британскиот пар Карен и Јан Гилберт од градот Понтипула вобританскиот Велс ја добија идејата да ги бојат ноктите своите ќерки тројки со различни бои за да можат да ги распознаваат.
Бебињата од неколку месеци, толку многу личат една на другашто дури и нивните родители не можат да ги распознаат и да им се обратат по име.
Ова не е моден тренд, мојот сопруг и јас бевме навистина во неволја. Кога сфативме дека лаковите можат да ни помогнат, нашиот живот се промени. Во еден момент се плашевме дека нема да бидеме во можност да ги научиме да реагираат на своето име, изјави Карен (33), додавајќи дека се надева дека со текот на времето девојките помалку ќе личат една на друга, бидејќи како тинејџери сигурно нема да бидат во можност да ги одбележуваат.
Фион, Медисон и Пејџ брзо станаа хит на интернет.


You must be logged in to post a comment Login