Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Гордата мајка, а социјалните мрежи се во шок

Не задоволува естетски: Фотографијата од доењето, која предизвика бес на интернет

Многу Фејсбук корисници имаат напишано дека тие никогаш не би дозволиле да го уништат своето тело како Баучер, а гордата мајка им одговорила…

Еден, од ретките во последно време, реални прикази на женското тело, беше осуден поради тоа што ” не ги исполнува естетските критериуми” на општеството, навикнато на Фотошоп.

Погледнете ја фотографијата за која Фејсбук корисниците сметаат дека е нешто што “никој не би сакал да го види. ” Скај Баучер, мајката на близнаците, ја објавува фотографијата на веб страната Tumbler, фотографијата на која таа ги дои своите деца.

Иако станува збор за прекрасен мајчински акт, кој пред сè, го прикажува хранењето на своите малечки бебиња, на интернет мрежите брзо се упатени кон неа големи критики. Главниот приговор од оние, на кои не им се допадна сликата, е дека фотографијата не изгледа убаво.

“Уметноста не е секогаш само за тоа што е естетски префинето. Понекогаш е потребно да им се покаже реалноста на луѓето”, рече мајката.

По објавувањето на фотографијата на која таа ги дои, нејзиниот син Мило и ќерката Елоиз , Баучер добива несакано внимание. Фотографијата наскоро се најде на Фејсбук, во групата наречена “Другата страна на мајката. “

Еден од поострите коментари беше: ” Не верувам дека некој сакаше да го види ова”, а многуте Фејсбук корисници пишуваа дека тие никогаш нема да дозволат да им се уништи нивното тело, како на мајката, дури помислиле дека фотографијата прикажува машко тело…

Скај Баучер почувствува потреба да одговори на коментарите директно, искрено и реално – исто како што се изразува во својата фотографија .

“Вака изгледа животот по забавите, по завршувањето на периодот на лудите тинејџерски години и читањето на глупави книга за врколаците. Чистата кожа, слабото тело и слободното време не траат вечно”, објаснува и се обидува да појасни, што е се придобивка од родителството.

” Стриите, брчките, валканите пелени и лежењето во чудни пози за своите деца да ги направите среќни, затоа што ги сакате повеќе од удобноста и своето мазно тело. Тоа е поетско и неверојатно! Мојот живот е прекрасен, иако мојот стомак е уништен!” открива Баучер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement