Кога детето доволно ќе порасне и неговата мајка може повторно да има приватен и интимен живот, тaa тргнува во потрага по нов партнер. Меѓутоа, постојат мажи кои секако би требало да ги избегнувате доколку сте самохрана мајка.
Доколку тој ја користи секоја прилика да ви се пофали како има многу пари, своја приватна фирма и како носи брендирана гардероба секако треба да го избегнувате, бидејќи тој е јак само на зборови, а вам во животот не ви треба некој кој подоцна ќе ви префлува дека ве издржува.
Доклку сте пронашле маж кој ви ветува кули и градови и ви гарантира дека вашето дете го прифаќа како свое сопствено, преиспитајте го така што ќе повикате во доцните ноќни часови. Доколку ви се јави, тогаш значи дека навистина се грижи, но доколку не ви се јави или пак ве одбие со изговор дека е уморен, бегајте подалеку од него.
Никогаш не избирајте маж кој зад себе има пропаднт брак, а притоа и деца. Уште ако на ова го додадеме и тоа дека секогаш и стои на располагање на својата бивша сопруга и постојано ја криви за лошите работи кои им се случиле во бракот, тој не е материјал за озбилна врска, бидејќи тој е веќе уморен од сето тоа и сигурно нема да ве прифати ни вас, а ни вашето дете онака како што заслужувате. Секако, постојат исклучоци.