• Сподели на:

Етички родители – прв дел

___

Има ли? Само прашајте ги децата.

Замислете си го следново сценарио: Четврток навечер, само што сте пристигнале дома, кога сфаќате дека вашата 11 годишна ќерка има вошки. Некои бели “трошки“, нешто што сакате да биде првут, но дефинитвно не е! Илјадници, припиени во свиленкастата коса и сè што си мислите во моментот е – Не вечерва!

Бидејќи сте поминале низ ова и претходно, знаете дека единствениот начин да го спасите училиштето од епидемија на вошки, е да поминете најмалку 3-4 саати, справувајќи се со “штетниците“ сега – во моментов! Миење, чешлање, чешлање, миење  – не вклучувајќи ја родителската расправија и кризите на хистеричното дете кои се “нормални“ во вакви ситуации.

child and parentА баш вечерва, не можете да си дозволите ваква “драма“. Затоа што неможете! Затоа што, ете баш утре, вашата 11 годишна ќерка има годишно екстерно тестирање, а да ја пратите емоционално “уништена“ и недоволно одморена не е опција. Не е!

Епа, еве што ќе направите. Ќе се преправате дека не сте го виделе она што сте го виделе, односно дека вошки НЕМА! Ќе направите сè, вашето дете да оди на утрешното тестирање, смирено, позитивно и што е најважно, наспано и одморено. А, тоа што другите 26 деца во класот, се потенцијални “добитници“ на епидемијата, како и нивните родители, дополнителната нервоза и уништените часови во миење, чешлање и сушење, во 26 семејства, ви предизвикува неубаво чувство во стомакот, но тоа не е доволна пречка. Одлуката на крајот е – Вошките можат да почекаат, а тестот НЕ! И на крајот, можеби е себично, но секако, сакате вашето дете да има најдобар тест.

.Вашето дете не е глупаво, нели? Знае дека има вошки, и знае што значи утрешниот ден. Тоа размислува вака (и ова, е токму ваш учинок во воспитувањето): Секогаш треба бидеш љубезен и внимателен кон другите, освен во случаи кога е во прашање твојот личен интерес и треба да бидеш практичен. Тогаш, се грижиш само за себе.

urlРодителствувањето, како и војната, е состојба во која е невозможно да бидете морален. Полошо, моралната слабост на родителите е секогаш на “тапет“. Заштитата и привилегираноста на своите деца, на грбот на другите луѓе е името на играта. Тоа го прават родителите.

 Зошто совесните родители, иако тоа не е морално и етички, прават сè за да им помогнат или олеснат на своите деца? Колку луѓе познавате кои излажале за својата адреса, само за да го запишат своето дете во подобро училиште?

Се чини, секој саат, на родителот му се нуди можност да избира помеѓу сопственото дете и некое “поголемо добро“, и тоа е оној примарен родителски импулс. Всушност, институцијата родител, овозможува јасно етичко размислување за тоа што е, а што не е морално. Она што го правиш е за добро, иако е алтруистички.


Оставете коментар

___