Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Два филџани млеко дневно се доволни за правилен развој на децата

Витамин Д и железо се клучните хранливи материјали особено за малите деца кај кои мозокот и телото им е се уште во развој. Меѓутоа, доколку децата конзумираат повеќе кравје млеко, односно витамин Д, постои ризик во нивниот организам да се намали количината на железо, тоа се податоци од најновото истражување во кое учествуваа повеќе од 1.300 деца на возраст од две до пет години.

Најновите истражувања покажуваат дека кај децата доволни се два филџани млеко дневно и токму ова количина на витамин Д и железо во млекото нема негативно да влијае и да го намали нивото на железо во организмот.

Според истражувањата, доколку се конзумира поголема количина на млеко ќе се намали нивото на залиха на железото.

Причината поради која децата што пијат поголема количина млеко имаат проблем со недостаток на железо е што после млекото се доволни сити и немаат потреба да внесуваат други намирници кои се богати со железо.

Витаминот Д му помага на организмот да апсорбира калциум кој е неопходен за формирање на здрави коси. Исто така, помага во спречување на аутоимни болести, болести на респираторниот систем, како и кардиоваскуларни заболувања. Бебињата кои во првата година од животот не внесуваат доволна количина на витамин Д може да дојде до појава на рахитис.

Поради тоа научниците советуваат покрај млекото во исхраната да се вклучат и намирници во кои витаминот Д ќе го најдете во природен обли. Тоа пред се се, рибата односно туната, скушата и сардината.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...