• Сподели на:

‘’Dream feed’’ метода: Сигурен начин како вашето бебе да ја преспие ноќта

___

Dream feed е метода која ја осмислиле научници од здружението на родители во Австралија откако ненаспиените родители им се пожалиле и побарале совет. Прочитајте го текстот и уверете се дека не е тешко ноќите без сон да ги претворите во преспиени.

Под поимот dream feed, кој во слободен превод ви гласел ‘’хранење на заспаното бебе’’, подразбира мирно и тивко хранење на бебето во период од 23 часот до полноќ, кога тоа цврсто спие, а се ближи времето на ноќно доење.

Можеби ќе помислите дека е сурово да го подигнете заспаното бебе, но ако кажеме дека дури 92 отсто од нив во оваа фаза од спиењето прифаќаат дојка, односно цуцла и дека дури 75 отсто од нив не се будат до утрото, веројатно ќе се одлучите да барем еднаш на овој начин го продолжите својот ноќен сон.

Како се спроведува?

Едноставно! Пример, ако бебето го бањате, пресоблекувате и храните помеѓу осум и девет часот и го ставате во креветче непосредно после тоа, тоа веројатно ќе заспие во рок од 15 минути. Наместо да чекате само да се разбуди и расплаче, бидејки е гладно – разбудете го!

Пред да легнете на заслужен одмор, нежно подигнете го заспаното бебе од креветчето, понудете му дојка или шишенце, а кога ќе се најаде, почекајте минута или две додека не подригне, па нежно и во потполна тишина вратете го назад во креветче. Веројатноста дека ќе се разбуди во 5 часот наутро  е само 15 отсто.

До која возраст се применува оваа метода?

Кога бебето ќе наполни три месеци и кога ќе спие полни дванаесет часа, поточно од 19 часот до ‘’dream feed’’ времето и потоа се до 7 часот наутро , и тоа во период од една недела, можете да прекинете со овој метод.

Наједноставен начин ова да го постигнете е да во наредните недела дена го храните во 22: 30 часот и притоа да му давате три четвртини од вообичаениот оброк. Потоа, следните недела дена променете го времето на оброк за половина час од вообичаеното.

Штом приметите дека бебето се придржува кон правилата, можете да прекинете со оваа метода.


Оставете коментар

___