• Сподели на:

Децата на повозрасните татковци се поподложни на психички проблеми

___

На децата на повозрасните татковци им се заканува поголема опасност од психички проблеми и проблеми со учењето, укажува опширното американско – шведско истражување.

Истражувачите од Универзитетот Индијана и Институтот Каролинска во Стокхолм ги анализирале медицинските податоци за сите личности родени во Шведска помеѓу 1973 и 2001 година.

Тие, притоа, нашле многу голема поврзаност помеѓу повозрасните татковци, во моментот на раѓањето на детето и повеќе психички проблеми како што се аутизам, пореметување на вниманието, биполарно пореметување, шизофренија, обиди за самоубиство и проблеми со дрога, како и неуспех на училиште и слаби резултати на тестирањата за коефициент на интелигенција.

cb5a1a1031

Споредбата помеѓу дете родено кога таткото имал 24 години со дете родено кога таткото имал 45 години, покажала дека шансите за аутизам се 3,5 пати поголеми кај второто дете, а 13 пати е поверојатно дека детето родено кога таткото имал 45 години ќе има пореметување на вниманието.

Опасноста од биполарност е 25 пати поголема, додека веројатноста за самоубиствени нагони и проблеми со дрога е 2,5 пати поголема.

“Бевме шокирани од резултатите на тоа истражување”, изјавил Брајан Донофрио, професор по психологија на Универзитетот Индијана и главен автор на трудовите објавени во журналот “The American Medical Association Psychiatry” – “Специфичните врски помеѓу возраста на таткото и психичките проблеми на детето се многу поизразени отколку во минатите истражувања”, истакнал Донофрио.


Оставете коментар

___