• Сподели на:

Дали топлата бања е безбедна за време на бременоста?

___

Топлата бања се користи со векови од најразлични причини, a исто така, добро се познати нејзините ефекти за релаксација на мускулите и на умот. Има нешто раскошно околу капењето во топла бања и не постои нешто што би укажувало на тоа дека, на некој начин, и пречи на бременоста. 

Како и да е, вие треба да бидете внимателни во однос на „жешките“ бањи бидејќи тие може да ја покачат вашата температура, а тоа пак, може да биде штетно за вашето бебе. Некои студии направени на животни укажуваат на тоа дека прегревањето, посебно во првите месеци од бременоста, можат да предизвикаат вродени дефекти.

Видовите на вродени дефекти кои што може да настанат, влијаат на мозокот и на ‘рбетот. Овие се наречени дефекти на невралната туба (NTD). Spina Bifida (се случува кога нешто ќе тргне наопаку со развојот на ’рбетниот мозок кај неродено бебе, во колоната на нервите кои се поврзани со мозокот, ’рбетниот столб не се затвора во целост и остава празнина), е еден од примерите на NTD.

Ризикот од прегревање е многу поголем во термалните води (бањи) и сауните отколку во топла када. Топлата када брзо се лади додека пак во бањите и во сауните константно се одржува висока температура. Ако водата е премногу жешка вие, исто така, може да се чувствувате изнемоштено и лошо, бидејќи топлината го намалува крвниот притисок. Ова може да влијае на протокот на крв до вашето бебе и не е безбедно во ниедна фаза од бременоста.

Како да знам дали водата во мојата када е жешка или топла? Тестирајте ја водата со вашиот лакт или подлактницата, исто како кога ја тестирате пред да капете дете. Овој дел од кожата е почувствителен на температура во однос на дланките и нозете. Топлата вода би била удобна и би можеле веднаш да влезете целосно, а не да влегувате малку по малку. Претоплата или жешката вода може, исто така, да предизвика црвенило на вашата кожата и дури да ве натера да се препотите.


Оставете коментар

___