Повеќе од три саата домашна работа може да доведе до разболување кај децата, тврдат истражувачите.
Студијата која се спровела во едно училиште во Стенфорд, испитала повеќе од 4300 деца од десете најдобри државни и приватни средни училишта во калифорнија и открила дека премногу домашни задачи доведуваат до зголемен стрес, физички и здравствени проблеми.
“Откривме јасна поврзаност помеѓу стресот кај децата, мигрена, чиреви, несоница, исцрпеност и губење на килограми кај поголем обем на домашни задачи” кажува авторката на студијата Денис Поум за CNN.
Студијата открила дека децата во просек на учење трошат околу три саати, но многу деца учат многу повеќе – и до пет саати.
Околу 56 проценти од испитаниците кажале дека домашните задачи им преставуваат најголем стрес во животот.
И во добрите училишта каде што конкуренцијата меѓу децата е голема, притисокот е поголем, па некои од родителите кажуваат дека не ги гледаат децата дури ни за викенд, затоа што тогаш се обидуваат да се посветат на обемните домашни задачи.
Поуп кажува дека домашните задачи не би требало да се работат повеќе од два саата во средно школо, односно 90 минути во основно училиште.


You must be logged in to post a comment Login