• Сподели на:

Дали денес растеме неспособни деца?

___

Во време во кое се плашиме за децата како никогаш досега, заштитувајќи ги од сите можни негативни влијанија, шокирани сме од фактот дека повеќе од половина родители не им дозволуваат на децата да тренираат фудбал, хокеј или пливање за да не се повредат.

Всушност, во едно американско истражување  се покажа дека повеќе од половина од родителите сметаат дека спортовите како јавање, рагби, хокеј и пливање се многу опасни. Но, експертите предупредуваат дека предностите за занимавање со спорт се многу поголеми од потенцијалните повреди.

Освен тоа, децата сè помалку и помалку престојуваат надвор, а истражувањето на 2.000 родители кое го спроведе Omega Pharma’s Generations of Care, обезбедува резултати дека дури третина од децата неделно трошат помалку од пет часа во игра на отворено.

Интересен е и податокот дека денешните деца  претрчуваат 1,5 километри за дури 90 секунди побавно отколку децата од пред 30 години.

boomer-parent-adult-child

За родителите кои премногу ги контролираат децата и се однесуваат премногу заштитнички, во универзитетските кругови во Америка се појави симболичен назив – “родители хелихоптери”. овој термин е употребен кога е приметена промена во однесувањето на родителите на студентите кои почнале да се мешаат во работи кои до тогаш исклучиво ги решавале самите студенти од факултетот.

Да се интервенира кога детето е во градинка или училиште, е сосема очекувано, но да се интервенира кога децата се на факултет, тоа е претеран заштитнички однос кој може да создаде поединци кои не се спремни да го напуштат родителското гнездо и да живеат самостојно.

Целта на истражувањето е да се покаже дека постои нешто што се нарекува претерана родителска грижа. Всушност, многу родители кои се водени од најдобри намери, не можат да ја оценат границата на реалните грижи и давење на детето со преголема контрола.

Родителите кои популарно ги нарекуваме “премногу заштитнички родители” одат во крајност и секогаш се со своите деца кои бараат одговор само од нив, а не се обидуваат сами да ја решат ситуацијата. Таквото однесување и став предизвикуваат некои ненамерни лоши последици. Тие сакаат да ги лишат од повреди и стрес, а всушност можат да создадат поединци кои покасно во животот нема да знаат да застанат за севе и да се борат.


Оставете коментар

___