Во оквирот на социјалниот експеримент кој е објавен во еден британски трговски центар, две девојќиња од седум и пет години се приближувале до минувачите барајки помош затоа што се изгубиле. Резултатот од аспект на солидарност и хуманоста – бил поразувачки.
За еден саат застанала само една жена да помогне на девојчињата, додека повеќе од 6.000 луѓе ги игнорирало, при што намерно отишле на другата страна. Мајката Старија Ума заедно со водителот на телевизијата NSPCC ги гледала девојчињата сокриена позади столбот.
Постарата Ума, која тргнала прва, држела кукла во рацете и имала исплашен и неутешен израз на лицето, но по 20 минути никој не застанал да ја праша дали е се во ред. Жената која ја туркала количката едноставно ги заобиколила, а група на жени кои влечеле куфери се правеле дека никој не ги гледа.
По тоа настапила и помалата петгодишна сестра Маја. Го шмукала прстот а во еден момент седнала на пети, беспомошно гледајки ги минувачите, кои се правеле дека не ја гледаат.
На крајот некоја пензионерка се упатила со загрижен поглед и прашала дали нешто и треба.
Мајката била зачудена кога видела дека нејзините ќерки ги игнорирале повеќе од 600 луѓе. Експертите тврдат дека ваква реакција на луѓето делимично може да се објасни нивната итност, а дел од нивниот страв, и тоа повеќе кај мажите, бидејки ако помогнат на детето може погрешно да биде птротолкувано.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3nQAgcRXEWE


You must be logged in to post a comment Login