Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Четири проблеми кои ниту еден брак не може да ги преживее

Постојат четири несовладливи проблеми (неверството не е меѓу нив) кои ниту еден брак не може да ги преживее, вели водечкиот експерт за разводи.

Психотерапевт и експерт за развод Мики Меквејд вели дека неверството не е еден од водечките причини за развод, но често е симптом на еден од четири подабоки проблеми, кои доведуваат до крај на бракот.

Престанавте да бидете партнери

Кога едниот партнер чувствува дека другиот е незрел, неодговорен, дека не може да му верува или дека е себичен, брачната динамика се распаѓа, уништувајќи ја интимноста и сексуалната привлечност. Еден партнер тогаш ќе се одалечи.

Често нема враќање од отуѓувањето, па е важно да препознаете што се случува и да се консултирате со брачен советник пред конечното прекунување. Брачниот советник не може да создаде врска, само да ја зајакне.

Хронично жалење и префрлање вина

Кога брачните проблеми не се решаваат на задоволство на двете страни, горчината се акумулира и ја уништува врската. Решавањето на проблемите со компромис е многу поважно отколку да бидете ‘во право’. Оние кои не можат да прифатат одговорност се осудени на неуспех во врските.

Нарцизмот

Секој е склон кон нарцисоидност, до одреден степен, но проблематично е кога партнерите не се во состојба да прилагодат еден на друг и наместо тоа се натпреваруваат околу тоа кој работи повеќе, кој поминува повеќе време со децата, кој имал потежок ден. Кога партнерите не го сфаќаат придонесот на другиот, секој претпоставува дека на другиот му е полесно и ниту еден не се чувствува разбрано.

Зависност

Зависноста секогаш ќе биде главна работа на зависникот, пред бракот и децата, и нивниот партнер ќе биде лут и посрамотен од неговиот недостаток на грижа за другите. Ако зависникот не е во состојба да се ослободи од своите навики, ќе ја префрли вината на партнерот, кој може да се обиде да ја задржи врската за некое време, особено ако имаат деца, но на крајот ќе мора да се откаже ако нема закрепнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement