• Сподели на:

Бебињата сигурни во прегратките на родителите…

___

Новороденчето има неколку основни потреби – цицање, спиење и да биде со мајка си, односно да ја  чувствуваат близината на друго човечко суштество.

Сето друго околу него е неважно.

Родителите често имаат дилема дали можеби “одат предалеку” со носењето и држењето на  бебињата во своите прегратки, а со тоа да влијаат на абнормалниот развој на ‘рбетот и колковите, како и да се размазат. Неодамнешните сознанија на психолозите и педијатрите потврдија дека носењето на детето до осмиот месец од животот носи исклучиво придобивки во нејзиниот развој и напредок, како и за неможноста бебето за да се размази во толку рана возраст …

Токму физичкиот  контакт со родителите го прави детето безбедно и го стимулира неговиот развој.

Предностите на носењето на детето во прегратките на родителите…

Според многу студии, недостатокот на контакт негативно влијае на развојот на бебињата. Децата чии  родители ги држат децата на дистанца, обично заостануваат во развојот, имаат ослабен имунолошки систем, подолго боледуваат, полесно се разболуваат  и се повеќе психички зависни од нивните родители. Многу психолози сметаат дека носењето на бебето има позитивен ефект врз опоравувањето на мајката по породувањето. Го скратува времето на опоравување, го намалува ризикот од појава на постпартална депресија, го забрзува процесот на доење поради постојаното присуство на детето на градите.

Топло, безбедно место

Кога е на градите на мајката или во татковите раце, детето има можност да ги гледа лицата на најблиските, да ги слуша родителите како зборуваат, дишат, да  го чувствува чукањето на срцето. Тука на детето му е удобно и пријатно, па тоа помалку плаче, брзо се смирува, се чувствува заштитено – што значи дека светот е топло и безбедно место. Основа за идниот позитивен став за животот се формира токму на родителске раце. Тоа чувство во поблаг интензитет се задржува кога детето е постаро. Затоа носеното дете посигурно чекори во животот и помеѓу луѓето, порано ќе стане независно, и ќе биде помалку зависно од мајката и нејзиното константо внимание. неа. Затоа нема потреба да се плашите – ако сте претерале со прегратките на своето најмило. Вашето дете само ќе ви кажува колку долго сака да го носите …


Оставете коментар

___