Пасивната активност како гледањето телевизија или листање на сликовници ја намалуваат среќата на децата и треба да се ограничат, а слободното време да го исполнат со играње, тврдат научниците од Универзитетот Оксворд.
Покрај тоа, активната игра помага во развојот на детето, како и во зголемуване на моторичките вештини, а читањето, раскажувањето приказни и пеењето ги унапредува говорните способности.
Прекумерното гледање телевизија има негативно влијание на среќата на детето, велат научниците.
Колку повеќе време детето поминува пред екранот, толку помалку се посветува на игра и активни работи кои резултираат со среќа и развој на вештини.
Идеална активност за развој и среќа на детето е читањето, сложувањето коцки, пеењето, па дури и играта криенка.
Децата обожуваат да цртаат, но секоја игра со родителите повеќе допринесува за развој на детето, од сите едукативни цртани филмови.

You must be logged in to post a comment Login