Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Ако свекрвата е чудовиште…

Зошто свекрвите и снаите толку тешко наоѓаат заеднички јазик? Главниот проблем е во тоа што тие се туѓинци една за друга и само околностите ги поврзуваат. Различно воспитување, различни животни приоритети, различни претстави за добро и лошо, помножени по љубомората на едната и климактеричните симптоми на другата што ја прават невозможна нормалната комуникација и води до конфликтни претенции. Односите помеѓу двете нив и нивниот „заеднички“ маж наликуваат на љубовен тријаголник. Колку и да ја сака мажот жената, длабоко во својата душа е повреден од нејзиниот однос кон неговата мајка, а тоа може сериозно да ја наруши семејната клима.

А зарем имаме потреба од тоа? Затоа е потребно да научиме да влегуваме во конфликт но на вистинскиот начин.

Да се караме разумно!!!

Кочници

Односно да не правите ништо надевајќи се дека проблемот сам ќе се реши. Ова е добра стратегија кога резултатите од битката всушност и не ви се толку важни. Свекрвата настојува да ги купува чорапите на вашиот маж? Епа нека ги купува – на вас ви е сеедно, а на него му е пријатно.

Да се приспособите

Овој начин често се применува од снаите кои живеат заедно со родителите на мажот и со сите сили се обидуваат да го зачуваат мирот во семејството. Типични симптоми: да готват и чистат по дома, да не ги канат своите пријателки кои свекрвата не ги сака, постојано да ги слушаат монолозите од совети со израз на длабока благодарност на лицето, да се однесуваат со хумор на љубопитноста со која „господарката на домот“ ја пребарува содржината на вашите плакари и др. Во ваква ситуацја вие ќе бидете како котел под пареа но без заштитен вентил. Ова рано или касно ќе доведе до експлозија и тешко би можело да се предвиди како се ќе заврши. Не е ли подобро навреме да се изборите за својата позиција?

Да имате свој начин на игра

Да го постигнувате своето без да се сообразувате со интересите на другата страна. Минусите на оваа стратегија се јасни – има големи шанси да ги нарушите односите со сопругот, а дури и да почувствувате грижа на совст после извесно време – дали навистина требало да реагирате секогаш оштро за секоја ситница и да ги навредувате луѓето за глупости? Но ако станува збор за навистина важни теми како воспитувањето на децата, вашите семејни финансии и др…да тогаш има смисла да се ризикува.

Да постигнете компромис

Важно е да не заборавате дека свекрвата не е случајно недоразбирање што ви се нашло на патот, туку важен дел од животот на вашиот маж. Односите со неа се сериозни и за долго. Секако дека ќе се треба да потиснете дел од своите интереси во името на потпишувањето на мировен договор. Тоа е добар начин за пеглање на конфликтот кога вие сакате едно, а свекрвата друго.

Но ако свекрвата е интригантка?

Љубител на интриги и манипулации! Никогаш не прифаќа отворен конфликт, делува тајно и секогаш според сопствените интереси. Најдобриот начин на однесување со овој тип жени е вооружениот неутралитет и максимално дистанцирање. Разговорите со неа нема да помогнат!

А можеби ви се посреќило со свекрвата и таа е неконфликтен човек со ангелски карактер? Тука веќе имаме друг проблем – можете ли да го кажете истото за себе си? 🙂

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement