На сите понекогаш ни се случува да излажеме и тоа од најразлични причини. Најчесто, тоа го правиме за да се поштедиме себеси или некој друг од тешка и непријатна ситуација.
Факт е дека и возрасен човек ќе остане зачуден доколку забележи дека четиригодишно дете убедливо раскажува некоја лага, но никогаш немојте да го покажувате своето восхитување од таа способност пред детето, за да не го охрабрите да продолжи да лаже и понатаму.
Асистентката по детска психологиjа на Универзитетот Мекгил од Монтреал, доктор Викторија Талвар спровела експеримент со кој пробала да ја одреди разликата помеѓу лажењето на децата на различна возраст.
Таа се среќавала со секое дете посебно, отпрвин се обидувала да воспостави некаква врска со него, играјќи најразлични детски игри, а потоа им ја објаснувала играта на погодување. Детето треба да се сврти кон ѕидот. Истражувачот презентира играчка која испушта звук според кој детето иако не ја гледа, треба да погоди за каква играчка станува збор (полициска кола, кукла што плаче). Потоа, истражувачот презентира играчка која не испушта звук, а истовремено отвора музичка честитка која почнува да свири и го збунува детето. Тоа не може да погоди која е играчката која истражувачот ја има во своите раце. Докторката во еден момент ја напуштала просторијата, велејќи им на децата никако да не ѕиркаат додека таа не се врати. Откако се враќала, ги прашувала децата која е играчката која ја држи во рацете. Тие, додека биле сами, не можеле да издржат, а да не се свртат и да ја погледнат играчката и тоа се случувало после само неколку секунди откако истражувачот ја напуштал просторијата.
Потоа, како од пушка- децата задоволно го даваат точниот одговор, а докторката ги прашувала дали случајно се свртеле и ја погледнале играчката. Најголемиот процент од испитуваните тригодишни деца признавале дека ѕирнале на кратко, а децата над четири години лажеле и велеле дека не ѕиркале. 95% од децата на возраст од 4 до 6 години од било кој дел од светот би излажале и би рекле дека не ѕиркале- вели докторката Викторија Талвар.
Голем број деца ги вежбаат своите способности за лажење секојдневно, што често пати е знак за појава на незадоволство, а лагите ќе влијаат и на социјалниот живот на детето.
Учителите и останатите дечиња губат доверба во децата кои имаат тенденции често да лажат и многу често, тие деца остануваат без другарчиња и не се популарни меѓу своите врсници.

You must be logged in to post a comment Login