• Сподели на:

7 работи што не сте ги знаеле за бебињата

___

Иако се многу мали, бебињата се полни со различни атракции. Многумина би рекле дека се поинтересни и од возрасните. Ние денес ви подготвивме седум работи за бебињата кои можеби не сте ги знаеле.
11742_deca_630x0    

Тоа што бебето е слатко, не значи дека ќе биде убаво и кога ќе порасне – Кога е некој многу убав или сладок, обично му велиме дека сигурно бил преслатко бебе. Меѓутоа, истражувањата тврдат дека овие две работи не се поврзани воопшто. Всушност, истражувачите замолиле 253 студенти да рангираат фотографии од исти личности кога биле бебе и сега кога се возрасни, но не им кажале кое бебе е кој човек. Резултатите покажале дека рангирањето на бебињата по ништо не се поклопува со рангирањето со истите бебиња по неколку децении.

36311_20120312_public_shutterstock__Di003504950_630x0

Тие умеат да ги делат работите со другите – Колку пати сте го слушнале вашето малечко како вели „МОЕ!“, сепак истражувањата велат дека бебињата знаат да ги делат работите. Всушност, веќе од 15 месеци, тие имаат чувство за тоа што е фер и праведно. Во текот на студијата, која е спроведена на Универзитетот во Вашингтон, на бебињата им било пуштано видео од човек кој дели млеко и кекси на две личности. Кога и да добие еднито повеќе од другиот, бебињата обрнувале повеќе внимание на случајот. Истражувачите сметаат дека тоа значи дека малите имаат чувство за правичност.

 

52925_shutterstock-144901300_630x0

Тие читаат мисли – Секако дека не се видовити, но студиите покажале дека бебињата веќе од десетиот месец почнуваат да го следат мисловниот процес на другите луѓе. Професорот кој ја водел студијата на таа тема објаснува дека бебињата имаат тенденција да гледаат многу подолго во нешто што ги изненадува, нешто неочекувано. Во неговата студија, бебињата гледале како глумец упорно го избира објектот А наместо објектот Б. Кога глумецот конечно го земал објектот Б, бебињата гледале во него 5-6 секунди подолго, што значи дека не биле многу изненадени.

 

36266_20110521_public_shutterstock__Di003113298_630x0

Малку се „расистички“ настроени – Иако родителите се трудат да ги научат децата дека сите се еднакви, британските научници докажале ека бебињата имаат тенденција кон благ расизам. Кога им се покажани слики од различни луѓе, тие го одбираат лицето кое е иста боја како нивното. Но, бебињата кои од првите денови се во окружување на различни раси, покажуваат помала тенденција кон такво однесување.

 

34383_shutterstock_9486613_630x0

Музиката може да ги допре – Бебињата можат да препознаат кога песната е среќна, а кога тажна. Кога ќе слушнат среќна песна, тие ракоплескаат, ќе бидат среќни и насмеани. Бебињата покажуваат емоции на лицето кога слушаат музика, и тоа почнува веќе од петтиот месец. Истражувачите забележале дека на промена на песната, бебињата реагираат со вртење на главата, додека со пуштање на погласна музика реагираат со ѕверење од неколку секунди.

 

36195_20100524_public_shutterstock__Di002634863_630x0

Тие знаат кој е лош, а кој добар – Сите бебиња се ангелчиња, но не сите се подеднакво добри. Малите веќе во шестиот месец развиваат чувство за морал, покажала студија на Јејл. Во тој експеримент, бебињата гледале како кукла се обидува да се искачи по ридот. Понекогаш друга кукла и помагала, а понекогаш трета кукла би ја турнала надолу. Откако преставата завршила,на бебињата им биле покажаи куклите, а тие покажале поголема заинтересираност за “добрата“ кукла отколку за “лошата“.

 

12155_tri-bebe_shutterstock_44625346_630x0

Знаат да читаат од усни – Универзитетот од Британска Колумбија спровел истражување за тоа како бебињата го доживуваат говорниот јазик. Истражувачите дошле до заклучок дека бебињата чии мајки во текот на бременоста говореле два јазика, од најраните денови можат да препознаат разлика помеѓу двата јазика. И не само тоа, не е потребно дури ни да ги слушнат зборовите. Бебињата на возраст од четири до шест месеци гледале видео без звук во кој се говореле два јазика и можеле да ги разликуваат.


Оставете коментар

___