Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

3-те нешта, поради кои жените секогаш ќе напуштат мажите

Многу пати сме пишувале како и зошто мажите не напуштаат. Кои се вистинските пристапи тоа да не се случува или ако се случило, како да го поправиме? Но кога станува збор за нашите барања, првото нешто што се поставува во умовите на повеќето луѓе е дека жените сакаат многу и покрај тоа не знаат што сакаат. Дали е така? Толку ли сме искривени и алчни? Одговорот категорично е негативен.

Всушност, жените не сакаат толку многу! Кога сакаат, тие сакаат со сето свое срце и се подготвени на се за својата љубов. Но не и ако се на видик овие 3 фактори. Заради нив, порано или подоцна, секоја жена ќе ја прекине врската!

Ограничувањата

Тоа дека таа ви подарува љубов, не значи дека и волјата неjзина ви припаѓа. Мажите често ја прифаќаат партнерката како сопственост, со која по правило можат да располагаат. Немој да се гледаш со оваа, откажи ги цигарите, немој да облекуваш толку кратко здолниште, офарбај ја косата црна, зошто не сакам плавуши… И ред слични “може”, “не може”, “немој”, “направи”. Е не може така! Или барем не за долго, бидејќи таа наскоро ќе почиувствува дека се гуши. И ќе побара чист воздух.

Земање здраво за готово

Момчиња, ништо не е вечно, никој не ви е должен да се грижи за вас и да ве сака до крајот на животот. Нема такви работи. За љубовта човек мора да се бори секојдневно. Запчне ли да ја занемарува грижата за неа, таа едноставно овенува. Токму како убаво цвеќе, кое не радува со неговите цветови, но умира ако не го полевате редовно. Не сакате цвеќиња? Тогаш не ги земајте дома!

Застојот

Како и секое нешто во животот, врската или бракот, исто така треба да се развиваат. Или во најмала рака – да бидат интересни. Не можеш да бидеш во врска 5 години со една девојка и уште да се чудиш дали да почнете да живеете заедно. Или сакаш или не сакаш. Ако не сакаш, не и го губи времето! Другиот главен проблем при застојот е дека таа не се чувствува посакувано. А тоа е главен фактор за да ја задржиш. И не станува збор само за романтика, многу девојки не паѓаат на такви работи. Зборуваме за способноста да се натера партнерката да се чувствува единствена и неповторлива за тебе. А тоа нема да се случи, ако ги сметаш нејзините идеи за глупави.

Додека тој ја тераше да плаче…

Друг ја крадеше нејзината насмевка!

Додека тој ја занемаруваше…

Друг ја опсипуваше со внимание!

Додека тој си мислеше дека ќе биде засекогаш негова…

Друг си го направи своето!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement