• Сподели на:

Зошто дуваме свеќи на роденденската торта

___

Дека не не раѓа штркот јасно ние дури и пред да научиме да ги пишуваме првите букви. Дека Дедо Мраз не постои, исто така, сфаќаме пред да заминеме на училиште. Сепак, свеќите на тортата, ги дуваме задолжително со помислување на желба, дури и кога ќе оседеме. Зошто?

 

Прво редиме онолку свеќи колку што полниме години, а потоа користиме свеќи во форма на бројки, за потоа повторно само една (не мора секој да знае кој роденден ни е по ред), за да имаме што да дувнеме и да помислиме желба, со затворени очи, се разбира.

 

 

Славењето родендени е традиција која датира од древниот Египет, и на церемонијата Римјаните свеченоста ја славеле со торти и колачи. Грците правеле округла торта што ја симболизирала месечината.

Свеќичките почнавме да ги користиме во доцниот 18-ти век и прв пат во Германија. Наводно, богатиот Гроф за неговата гала роденденската забава, ги изненадил гостите со голема округла торта со свеќички кои ја симболизираат светлината на животот.

 

Дувањето на свеќите, созамислување на желба која е испратена директно до Бога, а многу важно е сите во истовремено да се изгасат за пораката да се пренесе одеднаш, и да биде експресно брзоисполнета.

Инаку, некои луѓе ставаат повеќе свеќи од годините на славеникот, верувајќи дека нему така, ќе му се продолжи животот.


Оставете коментар

___