• Сподели на:

За што жените не ја кажуваат вистината на почетокот на врската

___

Откријте што таа вистински мисли и како да ѝ одговорите без да предизвикате потенцијален прекин на врската.

Исто како што ќе ја “нашминкате” вашата биографија за да го импресионирате потенцијалниот работодавач, така ќе ги “замаскирате” некои ваши лични информации на првиот состанок, за да бидете сигурни дека ќе дојде и до втор. Веројатно истото го има направено и таа, но голема е веројатноста дека нешто сакала да ви сокрие, а тоа го прави и ден денес. Еве што вистински мисли кога ќе каже.

“Обожавам спорт”

O.K., постојат љубителки на спортот, но повеќето таа тема не ги интересира (а има и такви кои спортот воопшто не ги интересира, и повеќето се такви). Проблемот е во тоа што таа и понатака ќе го поминува времето склупчена на троседот со вас и вашите пријатели додека гледате Лига Шампиони, претварајќи се дека ужива во тоа, а си мисли како би ѝ дошло едно кафе со другарките во некој од маалските кафичи.

Некои жени веруваат дека мораат да ги сакаат истите работи како и нивните партнери, за да тој остане заинтересиран за врската. Но тоа не е вистина. Иако е супер ако партнерите имаат исти хобиа и занимации, но ако немаат со текот на времето ќе се појави гнев затоа што еден од нив “мора” да прави нешто што не сака.

Дознајте ја вистината: Немојте да правите голема фрка околу тоа. Едноставно ставете ѝ до знаење дека може за тоа време да се посвети на други работи. Кажете ѝ нешто во стилот: “Ние пак ќе гледаме утакмица вечер, ама ако веќе ти е преку глава од фудбал, скроз те разбирам.”

“Ја сакам мојата независност”

Нормално дека ја сака својата слобода, ама ќе глуми дека сака работите да се одвиваат поспоро отколку што вистински сака само за да не испадне пренападна, премногу захтевна…или дури очајна.

Кога ќе добијат преголем “простор”, жените се чувствуваат незгрижено. Она што вообичаено се случува е дека сама ќе ви каже да ја поминете вечерта со другарите, ама на крајот од вечерта ќе биде лута зашто не сте биле заедно.

Дознајте ја вистината: Задолжтелно ставете ѝ до знаење дека ви се допаѓа. Колку посигурно ќе се чувствува во врската, толку поотворено ќе ви каже што очекува од неа. Не мора да водите сериозен разговор и да го испланирате вашиот заеднички живот до пензија, ама мали гестови, како што е повремен СМС во кој ќе ѝ ставите до знаење дека мислите на неа или купување на нејзините омилени колачиња ќе биде повеќе од доволно.

“Секогаш сум расположена за секс”

На почетокот на врската не можела да ги оддели рацете од вас, ама денес тоа е преседан и сѐ што таа прави е од грижа за да не заостане зад она каква била на почетокот.

Жените се свесни за тоа што партнерот мисли на тоа поле и не сакаат да направат нешто со што би го повредиле нивното его. Но, задолжителниот секс на ниту еден начин не влијае на оргазмот и емотивната поврзаност.

Дознајте ја вистината: Ако не сте сигурни дали вистински ве посакува, пробајте да и го кажете следново: Подоготвена си за мала забава? Или, знаеш, ако си преморена може вечер да одмориме, па ќе бидеме одморни од сабајле J Важно е таа да знае дека ако одбие да имате секс, вие нема смртно да ѝ се налутите.

“Баш е кул што имаш толку многу другарки “

Во теорија, жените ги сакаат мажите кои имаат женски другарки. (Најпосле, има мажи кои се разбираат во женскиот род!) Но, реалноста е малку поинаква. Машко-женските пријателства може да предизвикаат голема љубомора.

Постои многу лоша конотација на зборот “љубомора”, но природно е да ја почувствувате во мала количина кога некој ви е важен, зашто тоа е природен инстинкт.

Дознајте ја вистината: Не мора да го прекинете контактот со сите другарки. Само дајте ѝ до знаење дека и вие понекогаш сте љубоморни. Дали е тоа зашто секогаш спомнува некој колега од работа (со кого работи на проект, неважно) или затоа што прифатила пијачка од некој непознат додека седела во бар, нема врска, само треба да ѝ дадете до знаење како се чувствувате. Така и таа ќе увиди дека станува збор за природно чувство, а со тоа што ќе ѝ покажете дека и вам ви е важно штом чувствувате љубомора, автоматски и таа помалку ќе се грижи дека би можеле да си заминете.

“Јас сум скромна”

Скромните девојки обично немаат потреба тоа да го нагласуваат. Но ако вашата партнерка никогаш не поставува правила и секогаш тврди дека е задоволна со сѐ, нешто се крчка. Можеби се плаши да не испадне премногу захтевна или напорна.

А иако ниту една жена нема на првиот состанок да дојде со листата на желби кои сака да ѝ ги исполните, ако вашата врска станува сериозна, а вие не сте слушнале ниту еден од нив, тогаш имате проблем.

Дознајте ја вистината: Пазете што зборувате. Ако се фатите како се жалите на бившата девојка дека била напорна или зборувате за тоа како мразите драма во врската, можеби ќе ѝ дадете до знаење дека мора да биде опуштена и смирена за ја “заслужи” врската со вас.

“Добро сум”

И покрај сѐ, таа не се обидува да биде пасивно – агресивна. Не, таа навистина се труди да сокрие од вас колку е вознемирена и ќе каже “Добор сум!”. И тоа е многу поедноставно отколку да ја каже вистината, зашто така ризикува дека ќе ја нападнете или ќе ѝ се налутите. Или дека едноставно нема да ја разберете.

Но чувањето и собирањето на емоции во себе, дури и ако се потполно нелогични, може да предизвика повеќе проблеми со текот на времето. И искрено, ако ја затворите темата откако таа ќе ви каже дека е добро, веројатно за кратко време ќе се најдете во неволја.

Дознајте ја вистината: Наместо: “Што не е во ред?”, пробајте да и кажете: “Ми делуваш вознемирено. Што те мачи, кажи ми”. Со тоа ѝ давате до знаење дека сте подготвен да ја ислушате, и колку и да ви е тешко, тоа е сѐ што морате да направите. Само послушајте ја, дозволете ѝ со вас да ги сподели своите чувства, знаејќи дека вашата работа не е да ја “поправите”.


Оставете коментар

___