• Сподели на:

За што најмногу размислуваат мажите?

___

Истражувачите кои се обидуваа да не убедат дека мажите мислат на секс на секои седум секунди, сега тврдат поинаку.

Мажите во просек помислуваат на секс 18 пати дневно, а жените 10. Меѓутоа “посилниот“ пол повеќе размислува за храна и спиење.

Со други зборови не постои ништо посебно во врска со мислите за секс. Мажите инаку,  почесто размислуваат за работите важни за опстанок на човекот, па така и за сексот, храната и пиењето.

Секс во главата

Дека мажите мислат на секс на секои седум минути, стана урбана легенда, но малку сигурни студии можат да го потврдат тоа. Повеќето студии чии резултати укажуваа на оваа појава, значи дека истражувачите ги прашувале волонтерите колку пати на ден размислуваат за секс.

Група истражувачи замолиле 163 студентки и 120 студенти, да носат специјални бројачи кои би требало да ги носат и да кликнат на нив секој пат кога ќе помислат на секс.

За да немаат само идеи за секс, експертите од 60 проценти од испитаниците ги посоветувале да имаат на ум и идеи за здравје. Останатите имале задача да го притиснат тастерот секој пат кога ќе помислат на храна и спиење.

Ако им се верува на овие бројчаници, студентите помислувале на секс на секои 158 секунди, што е далеку помалку од погоре споменатите седум.

Секс, спиење и јадење

Значи во просек мажите помислуваат на секс на секој саат додека се будни, а жените пола од ова. Постојат стереотипи за тоа дека жените повеќе мислат на храна, а мажите на секс. Вистината е дека жените најмногу мислат на спиење, а помалку на храна и секс, додека мажите за сите овие работи размислуваат скоро подеднакво, изјавил Фишер.

Истражувањето има и свои ограничувања, вклучувајќи го и фактот дека луѓето немаат “изолирани“ мисли, исто така податоците не покажуваат кога некој размислува за сексот и по неколку секунди или неколку минути.


Оставете коментар

___