Поради загриженоста за животната средина на нашата планета, дизајнерите смислија начин како електрична енергија да се користи помалку. Тие се потпираат на биолуминисценцијата (создавање и емитување на светлина од страна на живите организми), кој ќе биде пренесена на растенијата, кои се во нашата средина
Во време кога луѓето се обидуваат да ја намалат потрошувачката на енергија, дизајнерите се свртуваат кон природата, која се користи како извор и инспирација.
Еден холандскиот дизајнер се потпира на биолуминисценцијта(создавање и емитување на светлина од страна на живите организми) на медузите и светулките, за да се создадат дрвја кои го осветлуваат. Научниците веќе создадоа мали грмушки кои осветлуваат со користење на Бомимикрија, метод кој ги имитира системите кои се наоѓаат во природата.
Дан Росгард е заинтересиран за улично осветлување, без користење на електрична енергија. Заедно со научници од Државниот универзитет во Њујорк и компанијата “Bioglou” работи за да ја постигне својата визија.
Нему му е интересно е како суштества како медузите произведуваат светло. Росгард работи заедно со Александар Кирчевски, кој ги создаде генетски модифицираните панталони кои “светат-во-темно”.
Холанѓанецот планира да користи голем број на растенија за уметнички инсталации кои ќе направат дрвјата да светат.
– Тоа ќе биде фасцинантно и ќе изгледа како неверојатен поетски пејзаж – рече Росгард.
Компанијата “Bioglou” која стои зад оваа иновација, со седиште во Сент Луис, тврди дека овој Аватар ќе биде првото растение, кое ќе емитува светлина. Тоа е генетски модифицирана верзија на обично саксиско растение, наречен Nikotiana alata, и свети константно, додека таа е жива.
Компанијата на аукција ја понудила првата група на “светлечки” грмушки и веќе добиле нарачки за растенија кои во моментов се одгледуваат. Феноменот на живите организми кои светат во природата се нарекува биолуминисценција. Постојат повеќе од дваесет независно еволуирани механизми кои можат да се најдат во природата.
Аутолуминисцентните растенија – грмушки кои произведуваат светло – се создадени со вметнување на делови од светлечките морски бактерии во хлоропластите на растенијата. Компанијата соопшти дека нивните растенија се како прекинувачи.
Покрај работата на Росгард, постои друг проект наречен “Светлечка природа” и е наменет “нормалните” дрвја да осветлуваат без употреба на генетска модификација.
Проектот ќе го кориси прецизна “биолошки боја” кој му даде светлина. Инженерите и дизајнерите веруваат дека градовите во иднина ќе бидат прекриени со “светлечки стебла” и луѓето ќе имаат “урбани фарми” во зградите.
Светлечкиот спреј кој ја апсорбира прашината да им даде на јавните згради, патишта и патеки фосфороцентен сјај во текот на ноќта, и на тој начин би била подобрена безбедноста на парковите и улиците. Се тоа ќе се намали потребата за јавно осветлување, со кое ќе се намали емисијата на јаглерод во урбаните центри, што ги прави повеќе еколошки.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=xPVkT6FKhv4




You must be logged in to post a comment Login