• Сподели на:

Таткото на порaѓај – да или не?

___

Едноставно прашање, но одговорот и не е така едноставен. Таткото е добредојден на пороѓај во многу земји, иако на некои парови тоа и понатака им е непријатно.

Присуството на таткото за време на породувањето е тема за која кај нас уште се дискутира. Иако појавата станува почеста, не е толку вообичаена како во некои други земји. Кај нас поголемиот број на мајки, па и самите татковци не ја поддржуваат оваа идеја. Ситуацијата не е баш едноставна, тој не треба само да влезе во салата и да го следи развојот на настаните. Постојат припреми за тоа.

Мислењето за присуството на татковците

Поголемиот број мажи се грижат за своите сопруги, сакаат некако да помогнат, ама не се во можност. Некои од нив веруваат дека можат да направат нешто ако присуствуваат во породилната сала, бидејќи е познато дека ако жената види познато лице за време на породувањето, истото ќе биде полесно. На многу татковци ова им е своевидно олеснување, зашто самото исчекување им е некако помачно, а вака се директно присутни кога детето им доаѓа на свет. Некои од нив сакаат да го овековечат тој момент со фотографија или видео снимка.

За други пак, искуството е непријатно и им буди страв. Се плашат дека ќе пречат и не би знаеле како да се контролираат ако нешто тргне по зло, ако видат крв, ако не се психички подготвени…

И кај жените мислењата се поделени. Едните сакаат сопругот да е во породилната сала, за да заедно го минат процесот, за да добијат поддршка, а други тоа го сметаат за потполно непријатно и сакаат на тој чин да бидат сами. Кај некои жени постои страв дека повеќе нема да им бидат привлечни на мажите.

Исто така, и самите доктори поинаку гледаат на оваа појава. Едни ја поддржуваат, а други сметаат дека тоа е само една пречка во салата, во која треба постојано да се биде внимателен, а никој не знае како споругот може да реагира, без разлика на подготовките.

Припрема

Присуството на таткото за време на породувањето си бара одредени подготовки. Татковците се советуваат да ја запознаат добро болницата и нејзиниот распоред, за да не залутаат. Најнапред треба да се распрашаат кои се условите за присуство (во одредени ситуации, како што е царски рез, присуството понекогаш не е дозволено), за евентуално посетување на курс за родители…

Во некои болници може да ви побараат да однесете брис од грло и нос, а при тоа налозите треба да бидат уредни. Во самото породилиште обично се прави изолациски бокс, кој одредени родители го бараат.

Понекогаш од таткото се бара да пројде низ одредени психофизички подготовки. А потребно е и да се најави еден месец однапред за да се договори за сите детали со надлежниот персонал.

Дали ќе бидете во или пред породиланата сала останува да одлучите. Разговарајте со сопругата, проверете ги сите услови и одлуката донесете ја заеднички.


Оставете коментар

___