• Сподели на:

Спа центар во Setai хотелот

___

Прогласен за најдобар хотел во Мајами од читателите на Conde Nast Traveler магазинот, Setai Miami Beach ви го претставува својот нов спа центар…

Ново лусксузно спа искуство, кое официјално беше претставено во јули нуди специфично формулирани Themae третмани и производи направени од четири типа на чај- црвен односно rooibos, бел, зелен и црн чај. Луксузниот  спа центар The Setai by Themae-  првиот дизајниран спа центар во САД на  Themae ги нуди и своите познати азиски спа ритуали како што се балинежанската и традиционалната тајландска масажа.

Themae, парискиот бренд за козметика и спа третмани е инспириран од уметноста на чајот и името го добива по древната јапонска церемонија за припремање на чајот.  Ревитализирачките третмани  и ексклузивните производи за нега на кожата што ги нуди овој спа центар се направени од четири видови на чај. Еликсирот од овие видови на чај ги спојува антиоксидантите од зелениот, регенеративната моќ на белиот, смирувачкото дејство на црвениот и стимулацијата на црниот чај  во комбинација со чиста изворска вода од Франција.

 Медицинската карактеристика на овој чај постои благодорејќи на флавоноидните фитохемикалии – полифеноли. Некои експерти веруваат дека ваквата мешавина го успорува стареењето на кожата, неутрализирајќи ги слободните радикали кои го напаѓаат колагенот и еластинот. Секој од четирите чаја кои се мешаат  со цел да се добие совршената комбинација, имаат специфични својства. Белиот чај на пример е познат како неферментиран чај, чии листови брзо се берат и сушат, со цел да се задржи чистиот квалитет. Има висока концентрација на фенолични компоненти кои имаат подмладувачки ефект.

Laura De La Rosa, спа директорот  изјави:  „  Нашиот спа центар е познат по тоа што традицијата од Рим ја дондесе во Мајами, па многу сме возбудени за претставувањето на начите производи и третмани инспирирани од азија во ова ново луксузно спа искуство“

Bertrand Thiery, CEO и еден од основачите на Themae изјави: „ Themae е компанија која соработува со најдобрите спа центри во светот . За нашетод еби во Соединетите Американски Држави  го одбравме Setai во Мајами, не само заради  неговата историја на надградување  како автентичен хотел инспириран од Азија, туку заради тоа што ја делиме  истата страст и желба да им обезбедиме на нажите гости највисоко ниво на услуги и најдобро искуство“.

luksuz-spa-centar-majami-  setai-99 6

Спа центар во Setai хотелот(2)

Спа центар во Setai хотелот(3)


Оставете коментар

___