• Сподели на:

Знаете ли зошто жените глумат оргазам? (Видео)

___

Оргазмот секогаш бил и ќе биде предмет на дебата. Овој пат на наша мета се најде научниот доказ кој упатува на главните причини за неговото лажирање. Всушност, за многу жени сексуалниот врв е непознато доживување, а понекогаш единствен начин да почувстваат барем дел од тоа што се нуди е да глумат.

Постојат многу потенцијални причини зошто жените се доведуваат во оваа незавидна ситуација. Многу дами оргазмот го сметаат за обврска додека водат љубов, други неможат да се опуштат, а многу за неможноста да го достигнат врвот го обвинуваат партнерот.

 seks-orgazam-670x447

Сепак студијата објавена во  магазинот ”Journal of Sexual Archives” фрла светло на ова уште недоволно истражено подрачје. Во истражувањето учествувале 481 хетеросексуални млади жени кои со научниците ги споделиле своите искуства.

На основа на тоа, истражувачите дошле до заклучок дека жените глумат оргазам за да не го повредат партнерот, заради грижа за неговото задоволство, за да го скратат сексот, но многу сметаат дека глумење на оргазмот го олеснива вистинското достигнување на врвот.

Оваа студија, која навлегува во самата срж на овој единствен феномен, го потврдува фактот дека жените често пати ги ставаат потребите на партнерот пред своите, а во тоа им помага лажниот оргазам.

How to Fake an Orgasm


Оставете коментар

___