Некои помалку приметливи знаци можат да кажат каков сексуален партнер сте.
Хемијата помеѓу две личности може да биде знак дека одлично ќе се сложуваат во креветот. Можеби и можете да претпоставите кој каков љубовник е. Но, некои помалку приметливи знаци исто така можат да откријат како сексуален партнер сте.
Знаете да танцувате
Не е дека луѓето кои стојат на страна додека другите се расфрлаат по подиумот немаат поим што е добар секс, но доброто движење на подиумот изгледа ветувачки. Ако знаете добро да се забавувате, скокате, играте, глупирате, најверојатно имате подобра фантазија и кога е во прашање креветот. Во секој случај, треба да сте еластични. Покрај тоа, ако не се воздржувате да заиграте додека сите ве гледаат, без разлика дали знаете, најверојатно имате самодоверба, што и тоа како допридонесува за квалитетот во креветот. Не се сомневате во сопствената сексипилност. Ако знаете кои сте и немате никакви сомнежи, и не ве вознемирува тоа што други луѓе имаат различни сексуални преференции, тогаш имате добри шанси да сте одлични во кревет.
Добро слушате
Некој сака да ви се довери, а вие го слушате со широкот отворени очи, потполна концентрација на разговорот, полуотворена уста и давате повратни информации. Ако личноста ве замоли да го задржите за себе тоа што сте го слушнале, така и ќе направите. А сега сето тоа применете го во креветот. Заинтересирани, соработувате, пратите, возвраќате.
Не ви е проблем да кажете не
Да кажете не, има стварно големо значење. Кажувањето не, неприсилување на нешто што не сакате, и да знаете да го прифатите и пробате она што го сакате, е посакуван квалитет во креветот. Знаете на луѓето да им дадете до знаење кога се посакувани а кога не, па затоа добро ги читате туѓите намери. Ако имате способност да прочитате кога другата личност е стварно заинтересирана за вас, кога одвај чека да се изгуби, на вистински пат сте да бидете супер во креветот.
Знаете како да ги направите луѓето среќни
Ако сте во онаа категорија луѓе кои сакаат да ги развеселат другите, па и самите се среќни кога на другите им нанесувате задоволство, најверојатно добро се снаоѓате под ќебето.
Немате потреба стално да се фалите
Секогаш постои во друштвото барем еден фраер кој се фали со своите вештини и број на партнерки. Прашањето е што од тоа е вистина, а што уверување на самиот себе. Скромните и тивки типови, можат да бидат вистинско откритие.


You must be logged in to post a comment Login